Зибери: Најчести прекршители на човековите права се обвинителствата и судовите
Институции кои треба да се на врвот на листата на заштита за човекови права се јавуваат токму како прекршители, односно не почитувачи на правата на граѓаните, вели народниот правобранител Насер Зибери. Тој посочува дека највисоките државни органи како министерствата се најчесто инертни кога треба да постапуваат за заштита на човекови права.