Политичарите не можат да им наредат на историчарите што да прават и што да не прават, значи нашата задача е да создадеме позитивен амбиент. Проблемот во работата на оваа Комисија е пред се идејата дека нивната работа треба да биде услов за нашиот напредок кон Европската унија. Кога ќе се стави тој притисок и таа уцена, не само што не се прави позитивен амбиент, туку се прави негативен амбиент, вели Никола Димитров, вицепремиер за евроинтеграции, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.