Ивановска - Се чудам зошто нема одговор од обвинителството за Холидеј Ин
Ние дадовме многу добро обработен предмет којшто ги содржеше буквално сите елементи и моја претпоставка е дека не им треба многу време за да ги соберат податоците, затоа што се работи за еден конкретен Детатален урбанистички план, односно да соберат една папка за планот од општината и во таа папка се содржани сите овие податоци и информации коишто се однесуваат на злоупотребата на споменатите лица во таа кривична пријава, вели во интервју за РСЕ, претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.