Едни реформираат, други се подготвуваат. За од понеделник. Во меѓувреме, живееме со желби и со парадокси... Њузлетер 25.10.2024
Владата, со флаери низ супермаркетите потсетува дека се грижи за нас, ама трошоците сѐ поголеми. Минималната плата ќе почека. Градот Скопје во долгови, а Охрид во проблеми со фекалиите. Њузлетер 18.10.2024
Укинат балансерот, ќе се балансира со Закон. Неизбалансирани насилства меѓу младите и дисбаланс меѓу правото на чист воздух и обврските на државата за превземање мерки. Њузлетер 11.10.2024
Станува ли Унгарија стратешки партнер на полето на економијата и на патот кон членство во ЕУ? Њузлетер 04.10.2024
Во чекална на патот кон ЕУ, железничкиот сообраќај е слепо црево во Европа, „ дворски игри“ во судството, а битката против криминалот и корупцијата се сведува на изјави, најави и по некоја истрага, без завршница, засега... Њузлетер 27.09.2017
Приоритети - човечки животи, цени на основни продукти, битка против криминалот и корупцијата, членство во ЕУ. Неспорни декларативни приоритети на секоја влада, но, што се прави на практичен план? Њузлетер 20.09.2024
Барок или модерно? Владино или партиски? Позитивна листа или лекови на приватно? Харис или Трамп? Бурек или брокула?... Многу прашања за една недела... Њузлетер 13.09.2024
Засега, повисоки плати за јавниот сектор нема, а тешко и дека некој ќе ги враќа зголемените плати на вработените во УЈП за време на изборниот процес. Почетокот на школската година потсетник и дека се намалува бројот на основци и средношколци низ државата. Њузлетер 06.09.2024
Полицајци незаконски вработени, па инспектори, па осомничени криминалци. Истражни органи речиси секојдневни гости во Државна лотарија. Фалсификувана или вистинска историја, ќе утврдува нов состав на македонско – бугарската комисија. Њузлетер 30.08.2024
Во здравството има недостиг од патолози, па на резултати се чека со месеци, а пациентите се во неизвесност. За болестите на државата, пак, причините се познати, но, како никој да не сака да ги лекува. Њузлетер 23.08.2024
Гори во националните паркови, гори околу новиот закон за урбанизам, гореше за „Рамковниот“, му гори и на Скопје, гори во Курск и Газа, гориме и од температурите... Њузлетер, 16 август 2024
Можна ли е дестабилизација на државата наесен, кои се главните мозоци на случајот со фалсификувани евро монети и зошто се потрошија стотици илјади евра за гласање во дијаспората, а се одзваа десетици иселеници? Њузлетер 09.08.2024
Вчитај повеќе