Достапни линкови

Бурек и политика


Илустрација
Илустрација

Барок или модерно? Владино или партиски? Позитивна листа или лекови на приватно? Харис или Трамп? Бурек или брокула?... Многу прашања за една недела... Њузлетер 13.09.2024

Транспарентност

По некое сооопштение, необјавени записници од седници, застарени податоци, необјавени имињата на премиерските советници и нивните примања. Ваков е интернет порталот на Владата на ВМРО ДПМНЕ, Вреди и Знам. Портпарол за комуникација со јавноста се уште нема, а битни државнички одлуки не се објавуват.

Инфографика - Платите на премиерот и министрите, јули 2024
Инфографика - Платите на премиерот и министрите, јули 2024

После десетина минути од електронската порака телефонски се јави Наум Стоилковски со критика за едно од прашањата. Запрашан зошто прашањето транспарентностa на Владата е негова надлежност, тој одговори дека „така функционира Владата се додека не биде назначен нејзин портпарол“. Стоилковски дополнително реагираше дека од 1-ви јули е вработен во Владата, во Медија центарот, и дека оттаму комуницира со новинарите. Во делот за Медија центарот на сајтот на Владата не е наведено името на ниту еден од вработените таму.

„Набуко“ од Верди за затоплување на односите меѓу Скопје и Софија

Борбата на Израелците против Набуко, кралот на Вавилон, која завршува со негово преобраќање и обединување на Израелците и Вавилонците ќе ги „обедини“ и претседателите на Северна Македонија и Бугарија, Гордана Сиљановска-Давкова и Румен Радев.

Гостувањето на Националната опера и балет со „Набуко“ од Џузепе Верди во Софија в петок, 13 септември, ќе ја однесе и претседателката Сиљановска-Давкова во бугарската престолнина што се очекува да биде искористено и за нејзината прва средба со Радев по стапувањето на функцијата во мај годинава.

А затоплувањето на односите меѓу двете држави е еден од аспектите кои и даваат важност на оваа посета. Тука се и евроинтеграциите на Северна Македонија. Посетата доаѓа во период кога по промената на власта во Скопје, Северна Македонија најавува обиди за промена на условите за продолжување на преговорите со Брисел – уставните измени за вметнување на бугарската заедница во Преамбулата од Уставот кои треба да ги изгласа македонскиот парламент, наместо веднаш, да стапат на сила во моментот кога земјата ќе стане членка на ЕУ.

Тие велат дека во минатото Комисијата била постојана мета на политички мотивирани напади од бројни медиуми и политички партии и нејзината работа била искористена за остварување политички цели“.
Во меѓувреме, на затворена седница на 10 септември Владата ги именуваше членовите на новиот состав на македонскиот тим во Комисијата. Како што јавуваат некои медиуми, повеќето од членовите за одлуката дознале токму од медиумите и сè уште не добиле официјално известување од Владата.

Што е украдено и уништено?

Објектите и на факултетите за информатички технологии и за физичка култура ФИНКИ и на ФФК уште ќе чекаат да заврши ревизијата за да се знае колку ќе чини доизградбата. Тендер за завршување на зградите се најавува в година. Но тендер ќе има за нов кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“, за кој во следните пет години ќе се одвојат 34,5 милиони евра.

Обидите да добие свој објект траат уште од 2015 година, кога започна да се гради нова зграда во склоп на кампусот со општествени факултети при УКИМ, но по недели четири години таа беше стопирана откако изведувачот „Бетон“ од Штип отиде во стечај. Ветувања се слушаат со години, но на терен останува да зјае само карабината.

Лекови

Од понеделник, 16 септември, граѓаните ќе можат од аптеките бесплатно да ги земат новите лекови кои сега се ставени на позитивната листа на лекови, по 10 години од последното ажурирање на листата во 2014 година, кога беше „збогатена“ со само еден нов лек.

На листата се додадени девет нови генерици, а тоа се 87 лекови во различни имиња и форми. Тоа се лекови за висок крвен притисок, за срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија и за деменција, односно - за некои од најчестите болести меѓу населението, како што претходно информираа од Фондот за здравствено осигурување.

„Тоа се лекови што ги користи секој втор човек над 60 години. Мислам дека тоа ќе биде значително намалување на процентот на пациенти кои приватно плаќаат за лекови“, рече министерот за здравство, Арбен Таравари.

Сочна дебата Харис - Трамп

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп и неговата демократска противкандидатка, заменик-претседателката Камала Харис ќе го започнат денот со анкетите кои треба да го покажат исходот од нивната прва - а, можеби и единствена дебата, што има потенцијал да катапултира еден од нив во јасно водство на само педесетина дена пред изборите.
Трамп и Харис требаше да ги убедат дека тие се подобриот кандидат.

Таа го обвини Трамп дека направил ужасен договор со Талибанците пред повлекувањето на САД од Авганистан, рече дека рускиот претседател Владимир Путин „ќе го изеде за ручек“ и дека странските лидери „се смеат“ на него. Трамп возврати со тоа што ја нарече Харис „марксист“, поврзувајќи ја со претседателот Бајден и остро праша зошто не ги исполнила своите планови по три години на власт.

Од тимот на харис го повикаа Трамп на втора дебата, а тој тоа го окарактеризира како „Харис изгубила многу лошо на дебатата“.
Прашањето сега е дали дебатата ќе направи разлика на единственото место што се брои - гласачките ливчиња.

Бурек и чипс

Според Институтот за јавно здравје, само 10 отсто од испитаниците имаат умерена физичка активност - 150 минути неделно пеш. Половината немаат никаква. Доктор Александар Митов во поткастот Зошто зборува зошто кај нас доминира нездравата исхрана, а главен извор на болестите се цигарите и алкохолот.

XS
SM
MD
LG