Професорите по филозофија, но и по социологија, латински јазик и психологија алармираат дека со предложените реформи на гимназиското образование им се укинуваат предметите. Министерството за образование тврди дека не се укинуваат, но се предлага сите да бидат изборни предмети.
Кога некој вистински сака да го оствари сонот, не постои пречка која не може да се надмине, порачаа младите пред објективот на Радио Слободна Европа. Погледнете дел од нивните приказни кои низ видео ги раскажавме во 2024 година.
Со протести и отворени писма младите од регионот се обединуваат за да покажат солидарност со српските студенти кои последниов месец протестираат револтирани по несреќата на Железничката станица во Нови Сад. И македонските студенти се вклучија во регионалната поддршка.
Украинката Дариа Мисенг решила зимата да ја помине во Скопје, далеку од постојаниот звук на сирените кои алармираат за воздушен напад и прекините на електрична енергија поради руските напади врз енергетската инфраструктура во Украина.
Средношколецот Душан Томовски свири на неколку музички инструменти, но најголема пасија му е гајдата. Тој би сакал да чекори по стапките на македонскиот гајдаџија Пеце Атанасовски и како него, да ја претставува македонската гајда во светот.
Пешаци на патот, свирежи од возачи на автомобили и дофрлања од граѓани кои тргнале да фрлат ѓубре во контејнерот кој е на велосипедска патека. Ова се дел од препреките со кои се соочуваат велосипедистите низ Скопје и бараат да има ред и за велосипедската инфраструктура
Планот за тргање на основите по кои се забранува дискриминација, како родовиот идентитет и сексуалната ориентација, ќе ги обесхрабри жртвите да побараат заштита, реагира дел од граѓанскиот сектор.
Елвис Шаќири, директор на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико, е еден од шестмината добитници на наградите за глобални двигатели против расизмот. Наградата му ја врачи државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, во американскиот Стејт депармент, на 21 октомври.
Зошто е намален бројот на студенти по новинарство, каде сме со бројките во споредба со регионот и како може студиите да станат попривлечни за младите? На овие теми разговаравме со професорката Јасна Бачовска-Недиќ, која предава на катедрата по новинарство, на Правниот факултет во Скопје.
Јапонскиот оперски пејач, Казухиро Котецу, пред 11 години за првпат пред македонска публика ја испеал „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“. За време на пандемијата се присетил на емотивната реакција на публиката за време на првиот настап и почнал да истражува повеќе.
Откако се родени македонските средношколци кои ќе матурираат оваа учебна година, државата „чека“ пред вратите на Европската Унија (ЕУ). Колку е далечен евентуалниот влез и како тоа би влијаело на перспективите на младите?
Некогаш студенти колку за да се наполни цела Универзална и тоа само од еден факултет. Денес, намален брoj речиси на сите. Анализата на Центарот за граѓански комуникации, покажува дека на УКИМ, повеќе запишани студенти од пред десет години, има само на Медицински и на ФИНКИ.
Вчитај повеќе