Дале отказ од работа, продале сè што можеле и со ограничен буџет и неограничен ентузијазам, Бразилците Едра и Габриел тргнале на пат низ светот. За што подолго да трае патувањето кое ги донесе и во Северна Македонија, одгледуваат компири, чуваат овци, мијат садови, во замена за сместување и оброк.