Според податоците од Управата за водење на матични книги, минатата година, 1903 Македонки го додале или зеле презимето од сопругот, во машки род. Законот за лично име е прилично либерален, а треба да биде поконкретен и поограничувачки за да не ја дестабилизира нормата на женското презиме, вели ономастичарката Елка Јачева-Улчар.