Тимот кој крева слушалка на европскиот и македонски број за итни случаи 112, секојдневно е сведок на разни ситуации. Од необични повици кои преминуваат во анегдоти до итни случаи кои некогаш завршуваат трагично.
Со количка на три тркала, ранец, шатор, по некое парче облека и нешто од опрема за кампување, Словенецот Оливер Тич овој април тргна од родното место, Словенске Коњице, на пат околу светот, но пеш. Во следните 4 години планира да помине 4 континенти или околу 30.000 км, низ 35 држави.
Некои семејства не знаат што е тоа летен одмор. Дури и да се вработени, платите не стасуваат за сè, вели Маргарета Куртиќ-Талески од македонското здружение „Куќа на среќата“, преку кое социјално загрозени семејства можат да отидат на бесплатно летување.
Некои професии се први на удар на вештачката интелигенција и поради тоа има масовни отпуштања. Но, има и такви кои засега се сигурно незаменливи, велат експертите. Радио Слободна Европа разговараше со луѓе од различни професии за тоа дали мислат дека нивната позиција е загрозена.
Дале отказ од работа, продале сè што можеле и со ограничен буџет и неограничен ентузијазам, Бразилците Едра и Габриел тргнале на пат низ светот. За што подолго да трае патувањето кое ги донесе и во Северна Македонија, одгледуваат компири, чуваат овци, мијат садови, во замена за сместување и оброк.
Таеквондистката Милијана Релиќ, знаменосец на отворањето, е една од шестмината македонски спортисти кои ќе настапат на Олимписките игри Париз 2024. Таа и нејзиниот тренер, Александар Ефтимов, силно веруваат дека дома ќе се вратат со медал.
Според податоците од Управата за водење на матични книги, минатата година, 1903 Македонки го додале или зеле презимето од сопругот, во машки род. Законот за лично име е прилично либерален, а треба да биде поконкретен и поограничувачки за да не ја дестабилизира нормата на женското презиме, вели ономастичарката Елка Јачева-Улчар.
Полицијата се уште го расчистува случајот со вандалското уништување на детско игралиште во Капиштец. Општина Центар ќе предложи законски измени за „казни“ со општо-корисна работа. Дел од младите шокирани од агресивноста на овие врсници, а психолозите велат - ништо без разговор со родителите
Кога е жешко, уште пожежок е телефонот на Итната медицинска помош. Има поголема потреба, а помалку екипи, поради одморите. Граѓани колабираат од топлото, додека метеоролозите најавуваат уште повисоки температури следната недела. Секој бара спас од жегата, а многу чешми во градот не работат
Борачките Бојана Лазаревска и Олгица Коцева биле дискриминирани од страна на Боречката федерација на Северна Македонија во 2019, бидејќи не добивале ист третман како борачите. Вака пресудил Граѓанскиот суд Скопје.
На иницијатива на доктор Стефан Арсенков, специјалист по абдоминална хирургија, во Универзитетска клиника „Св.Наум Охридски“ во Скопје речиси две години се изработуваат 3Д реплики на внатрешни органи на пациенти.
Од едната страна - угостителски објекти, бучава од музика и џагор на гости на летните тераси низ Скопје. Од другата, револтирани граѓани кои живеат во близина. Мерките на институциите немаат ефект, а лекарите предупредуваат дека изложеноста на бучава носи ризик по здравјето.
Вчитај повеќе