Просветните инспектори вршат надзор во неколку факултети на УКИМ поради изјавите што ги барале од студентите при упис да потврдат под кривична и морална одговорност дека не конкурирале паралелно и на друг универзитет. Правниците велат - ова е противзаконско. Од УКИМ пак со свое објаснување.
Заедно со бројот на часови поминати со телефон во рака или пред компјутер, расте и бројот на млади со проблеми со видот. Ако е лоша позицијата на телото страда и ’рбетот, предупредуваат докторите.
Младите Симона и Ели редовно се дружат со лица од трето доба во „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“ на Црвен Крст на Град Скопје.
Студентскиот дом ’Кузман’ оваа година ќе остане празен поради реновирање, додека останатите ги очекуваат станарите. За некои студенти годинава прва опција е државен студентски дом, пред опцијата - изнајмување приватен стан под кирија, сами или со цимери
Млади македонски поети споделија дека пишуваат за ’браво’ и за награда во духовна и интелектуална смисла, а не за профит. Велат, јасно им е дека во Македонија пишувањето не може да биде бизнис, па така и нивните повозрасни колеги мора да имаат дополнителна професија за да заработат за живот
Наши дечки со нивната игра за мобилен телефон „Paint Тhe Thing“ , ја добија наградата за Најдобра игра од Европа на светското финале на ‘GAME JAM +’ кое се одржа во Бразил. Со нас го споделија искуството и намерата да успеат на домашниот и на светскиот пазар
Петмина средношколци од СУГС „Браќа Миладиновци“ ги ’засукаа ракавите’ за да најдат иновативно решение за заштеда на вода. Го вратија во живот стариот школски бунар кој не функционирал две децении и поставија систем ’капка по капка’
Наместо да сметаме на еко активисти како идоли со кои новите генерации ќе се идентификуваат за да бидат мотивирани за еко акција, треба да ги вклучиме младите директно и да им помогнеме да учат додека се забавуваат, вели креаторката на друштвената игра ’Living globally’
За дел од младите нема поважна тема од протестите и случувањата поврзани со ’францускиот предлог’. Но, има и такви кои велат дека сепак, постојат и други теми за муабет.
Што очекуваат младите, а што компаниите кога треба да се договорат за работа и дали има работа за секој што сака да работи? На овие теми разговаравме со дел од учесниците на јавна дебата организирана од ИДУЕП
Со какви стари стереотипи создадени на родова основа се судираат новите генерации и колку тие имаат моќ да ја сменат сликата на рамноправност меѓу половите? На овие прашања побаравме одговор од минувачите во центарот на Скопје.
Вчитај повеќе