Која е главна тема за „муабет“ меѓу младите деновиве?
За дел од младите нема поважна тема од протестите и случувањата поврзани со „францускиот предлог“. Но, има и такви кои велат дека сепак, постојат и други теми за муабет. Ги прашавме младите низ центарот на Скопје и оние на протестите - колку актуелните случувања го менуваат нивното секојдневие? А побаравме и впечаток за тоа каква е сликата во Бугарија.