Емотиконите кои се актуелни кај едни генерации, се старомодни за други. И според неодамнешно британско истражување, но и според нашите соговорници - средношколци. Трендовите се менуваат, но што е хит во моментов кај младите, а што е на „црната“ листа?
Дали гласот на средношколците навистина некој го слуша и може ли да предизвика промени? „Орцашите“ со кои разговаравме, велат - да! Нивната ученичка заедница неодамна доби и „потврда за гласност“
Kлиматските промени досега не биле застапени во образовниот систем, a тапкањето во место за ова прашање е бидејќи нема политичка волја - ова го истакна студент од Тетово, кој беше дел од дебата на тема „Европскиот зелен договор: повеќе од климатски промени“. Што порачаа другите студенти?
Тетово е единствениот град во земјава кој нема градски парк, алармираат од Иницијативата „Тетово сака парк“. Шеесетина ентузијасти, од различни возрасти и професии, бараат формирање источна зелена капија односно прв парк во градот, на површина од 16 хектари.
Знаат ли младите да управуваат со џепарлакот од родителите и воопшто да управуваат со пари? Одговор побаравме од средношколците Дино и Матеја, македонски претставници во финалето на „Европскиот квиз на пари”
Четворица македонски средношколци споделија некои од причините поради кои тие или соучениците бегаат од час. Какви се проблемите, кои се мерките и можните решенија?
Група средношколци од прва и трета година во СУГС „Никола Карев“ маршираа долж „Партизанска“ за да испратат мировни пораки. Тие сега стојат во училиштето за како што велат да мотивираат и да ги инспирираат и другите ученици да размислуваат во насока на мирно решавање на конфликтите.
Сара е на крајот од студиите на Природно-математичкиот факултет, на отсекот екологија.
Претседателот на Сојузот на средношколци, Лука Павиќевиќ, во разговор со РСЕ откри колку и дали надлежните имаат слух за барањата и проблемите на средношколците. Пред 2 години средношколците имаа листа барања - Се исполни ли нешто од неа до сега?
Кате и Сара на заедничкиот инста профил, Yess for less, се борат за иста цел - да ги мотивираат следачите да живеат поеколошки, со помош на нивните совети и искуства.
Со дел од младите кои го посетија првиот Регионален младински саем за вработување во Скопје разговаравме за тоа како е да си млад човек во Македонија кој бара работа, кој е во предност и зошто возрасните не треба да им лепат етикети на младите
Вчитај повеќе