Средношколци од Карев: Војната не е решение
Група средношколци од прва и трета година во СУГС „Никола Карев“ маршираа долж „Партизанска“ за да испратат пораки за мир, на 4-ти март. Пораките сега стојат во училиштето за како што велат да мотивираат и да ги инспирираат и другите ученици да размислуваат во насока на мирно решавање на конфликтите. Иницијативата е на професорката по македонски јазик и литература, Билјана Костова, а во соработка со професорката по Етика, Елвира Мустафа и професорот по ликовна уметност, Александар Ордев.