На интернет сајтот на трговецот мора да биде истакната тековната продажна цена, единечната цена, промотивната или попустната цена за секој одделен продажен објект на трговецот, а секоја промена на цената итно мора да се ажурира
Централното претседателство на Алијасата за Албанците денеска реши на претстојните локални избори да настапат со свои листи за советници, но и партијата да остане во рамките на коалицијата Вреди (Влен)
Во украинскиот регион Дњепропетровск, руските воздушни напади ги принудуваат луѓето повторно да се раселуваат. Хуманитарна невладина организација им помага на семејствата со деца да се евакуираат и да се упатат кон побезбедна територија на западниот дел на земјата.
Ако сте компанија што извезува во САД - како производител на автомобили или дестилерија за виски - одеднаш вашата стока стана многу поскапа. Тоа значи помала продажба, помалку приходи и потенцијални намалувања на работни места.
Осумнаесет лица го загубија животот во смртоносната лавина од илегалниот каменолом која на 4 октомври 2024 година ја затрупа населбата Долна Јабланица, на југот на Босна и Херцеговина.
Авганистанските жени не можат да студираат или да работат на повеќето работни места. Но, 22-годишната Захра Али создаде мал бизнис кој носи приход и им обезбедува струја на соседите. Во нејзината домашна работилница, таа прави батерии на полнење.
Обвинителството ја соопшти возраста на сите кои животот го загубија во кочанската дискотека „Пулс“. Денеска во Кочани и уште неколку градови, ќе се погребаaт настраданите во несреќата. Оние кои успеаја да се спасат и се лекуваат во болниците дома и во странство се во стабилна состојба.
Македонија во тага - се простува од прерано загубените животи. Загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска ќе бидат погребани. Во трагедијата што се случи во неделата рано наутро загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.
Илјадници луѓе се собраа во центарот на Кочани за да им оддадат почит на загинатите во поарот во дискотеката во неделата. Луѓето во молк и тага палат свеќи и оставаат цвекиња. Истакнати се и пароли за одговорност на виновниците за оваа трагедија.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави нови приведување од различни институции, меѓу кои и МВР. Во пожарот во Кочани загинаа 59 лица, а од повредените во државава се лекуваат 84 пациенти, а во странство 51 пациент. Ден по трагедијата градоначалникот на Кочани поднесе оставка.
Вчитај повеќе