Достапни линкови

Трамп и Путин ќе разговараат за прекин на огнот во Украина на 18 март


Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп (архивска фотографија)
Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп (архивска фотографија)

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира телефонски да разговара со рускиот претседател Владимир Путин на 18 март, додека тој се обидува да постигне прекин на огнот во војната во Украина, која ги исцрпи војниците и ресурсите на двете страни.

„Ќе разговарам со претседателот Путин во вторник. Многу работа се заврши во текот на викендот“, им рече Трамп на новинарите доцна на 16 март за време на летот од неговото одморалиште во Флорида кон Вашингтон.

„Сакаме да видиме дали можеме да ја доведеме таа војна до крај. Можеби можеме, можеби не можеме, но мислам дека имаме многу добри шанси“, рече Трамп.

На прашањето за можните отстапки кои би можеле да бидат потребни за да се обезбеди прекин на огнот, Трамп рече дека „ќе зборуваме за земјиште, ќе зборуваме за електрани“.

„Мислам дека имаме многу за тоа веќе дискутирано со двете страни, и со Украина и со Русија. Веќе зборувавме за тоа, за поделба на некој имот“.

Кремљ веднаш не коментираше.

Постигнувањето прекин на огнот во повеќе од тригодишната војна во Украина, Трамп го направи приоритет во првите месеци од неговиот втор мандат.

По одржувањето на разговорите во Саудиска Арабија, украинските и американските власти на 11 март објавија дека Киев се согласил на 30-дневен предлог за прекин на огнот, во зависност од договорот на Русија.

Москва досега реагираше ладнокрвно на идејата, при што Путин предложи дополнителни услови, вклучително и замрзнување на испораките на американско оружје за Киев.

Ексклузивно: Снимки од дрон за размерите на загинатите во војната во Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:20 0:00

Во меѓувреме, висок руски функционер рече дека Москва ќе инсистира на Украина да не и се приклучи на НАТО и да остане „неутрална“ во каков било мировен договор - услови кои Киев долго време ги отфрла.

Една од првичните поплаки на Кремљ во оправдувањето на инвазијата во февруари 2022 година продолжува да биде едно од централните барања на Киев: членството во НАТО.

На 14 март, Путин рече дека секој договор треба да доведе до долгорочен мир кој се однесува на „коренитите“ причини за војната - очигледно повикувајќи се на проширувањето на НАТО и други случувања, за кои Путин тврди дека ја загрозиле безбедноста на Русија.

Во забелешките објавени на 17 март, рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Грушко за рускиот весник „Известија“ изјави дека „ние ќе бараме железните безбедносни гаранции да станат дел од овој договор“.

„Дел од овие гаранции треба да биде неутралниот статус на Украина, одбивањето на земјите од НАТО да ја прифатат во Алијансата“, рече Грушко.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски честопати нагласуваше дека за Киев да прифати каков било мировен договор, тој мора да има безбедносни гаранции за Украина од нејзините западни партнери, вклучително и евентуално членство во НАТО.

„Исистирав на членството на Украина во НАТО, но знаете кои беа одговорите“, рече тој во февруари, сугерирајќи дека патот кон приклучување кон западната воена алијанса останува попречен.

На 16 март, американскиот државен секретар Марко Рубио во интервју за Си-Би-Ес рече дека конечниот мировен договор „ќе вклучува многу напорна работа, отстапки и од Русија и од Украина“, додавајќи дека би било тешко дури и да се започнат такви разговори „додека тие пукаат еден кон друг“.

Во меѓувреме, Зеленски на 16 март го разниша своето воено раководство, назначувајќи го генерал-мајор Андриј Хнатов за нов началник на Генералштабот на Украина, на местото на генерал-полковник Анатолиј Бархилевич, додека Киев сака да го забрза темпото на реформи и реорганизација.

„Ние постојано ги менуваме вооружените сили за да ги направиме уште поборбено подготвени. За да го постигнеме тоа, го менуваме системот за управување и воведуваме јасни стандарди“, рече министерот за одбрана Рустем Умеров.

Во соопштението се вели дека Бархилевич, кој беше назначен на функцијата во февруари 2024 година, сега ќе биде генерален инспектор на Министерството за одбрана.

Бархилевич го замени генерал-полковник Серхи Шаптала кога ја презеде функцијата во Генералштабот во 2024 година.

На бојното поле, руските сили извршија голем напад со беспилотни летала врз украинскиот главен град Киев на 16 март, а експлозии се слушнаа во различни области.

Градоначалникот Виталиј Кличко рече дека единиците за противвоздушна одбрана се обидуваат да ги исфрлат беспилотните летала и ги предупреди жителите „да останат во засолништа“.

Во регионот Суми, властите соопштија дека едно лице загинало, а две биле повредени кога експлозивни направи фрлени од руски дрон и минофрлачки оган погодиле станбена зграда во заедницата Билопилија.

Во рускиот регион Курск, руските сили продолжија да ги принудуваат украинските војници да ја напуштат територијата што ја зазедоа во неверојатната прекугранична офанзива минатиот август.

Најновите проценки покажуваат дека под украинска контрола е област од околу 110 квадратни километри, или помалку од 1400 квадратни километри колку што беше минатата година.

Во регионот се водеа жестоки битки, што го отежнува потврдувањето на какви било тврдења од која било страна.

XS
SM
MD
LG