Осумнаесет лица го загубија животот во смртоносната лавина од илегалниот каменолом која на 4 октомври 2024 година ја затрупа населбата Долна Јабланица, на југот на Босна и Херцеговина.
Шест месеци по смртоносната лавина, животот полека се враќа во Долна Јабланица

Поглед на дивиот каменолом и најтешко погодениот дел од Долна Јабланица. На само 500 метри над населбата, каменот го експлоатираше фирмата „Сани“, сопственост на Џенан Хонѓа. Надлежното обвинителство и речиси шест месеци по трагедијата не отвори официјална истрага.

Куќите кои први беа погодени од лавината се целосно уништени и нема видливи траги од нивното постоење.

Една од тешко оштетените куќи се уште чека поправка. Судејќи по фасадата и покривот, куќата била реновирана во периодот непосредно пред лавината.

Поглед на џамијата во Долна Јабланица од железничкиот надвозник. Џамијата по лавината била затрупана со кал и шут, а на нејзиниот покрив сè уште има портокалов компресор. Држејќи се за пловечкиот компресор, се спасил ефенди Семир Јахиќ, кој е слаб пливач. На ист начин неговата сопруга Амра успеала да се спаси себеси и нивните две деца.