Фолтин издаде нов албум, Симон Трпчевски насекаде добива овации, Браќа Манаки почна и заврши со македонски филм, Ана Дурловски доби музички Оскар, Бернајс Пропаганда на пат кон ѕвездите...
Денска нема да говориме за политичките настани, за замешателствата, за рововските битки на оние кои битисаат единствено да ја вкусат моќта на власта и да се прпелкаат во нејзините благодети, туку ги поканивме ТВОРЦИТЕ, нашата гордост, оние кои со своите дела даваат поинаква, заумна слика за Македонија во светот, да си припомнат на своите вишнеења во летото што го оставивме зад нас. И, на тој начин конечно да се потсетиме дека одовде кон цивилизираниот свет потекуваат идеи и уметнини кои катадневно не потсетуваат на Гоцевата максима дека „Светот го разбираме единствено како поле за културен натпревар меѓу народите“. Еднаш и засекогаш.
Бендот ФОЛТИН со своите слободарски песни и врутоците енергија деновиве од МКЦ направи храм на љубовта и музиката. Бегло се потсетуваме дека во 2012 на „Охридско лето“ помеѓу другото го имавме театарот „Вера Комесаржевскаја“ и феноменалниот Мишел Камило во предворјето на Света Софија, дека каде и да ги допреше дирките на пијаното Симон Трпчески добиваше овации за својата интепретација на светските класици, дека во Битола стигна единствената Катрин Денев, а фестивалот на филмската камера почна со „Трето полувреме“ на Дарко Митревски и заврши со „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски. Виртуозот Влатко Стефановски во Скопје свиреше со феноменалните Томи Емануел и Стокело Росенберг, на џез фестивалот од мноштвото великани го чувме и еден од најиновативните во историјата на џезот Ентони Брекстон, мултимедијалниот уметник Киро Урдин и натаму собира награди за своите дела по светот, певицата Ана Дурловска во Германија ја доби наградата „Фауст“ - еквивалент на „музички Оскар“, Кирил Џајковски се етаблира во една од најголемите музички атракции во Европа, а БЕРНАЈС ПРОПАГАНДА, пак, станаа херои на андеграунд културата на Стариот континент...
И, сега да тргнеме со ред. Благој Нацоски, најдобриот македонски тенор на сите времиња и оперскиот пејач кој подолго време живее и со голем успех работи во Италија.
Петар Горко, актер од Битолскиот театар кој по Лондон и Летната културна олимпијада, Шекспировиот Хенри Шести на македонски годинава ќе го толкува и во Њујорк.
Никола Маџиров, кој неодамна потпиша договор за објавување книга со „Бладекс букс“ една од најпочитуваните издавачки куќи во Велика Британија и авторот кого критичарите го сметаат за „еден од најсилните гласови на современата европска поезија“.
Јета Старова Мехмети , флејтиска која со својот сопруг виолинистот Ермал Мехмети како ДУО СКУПИ, не само што потпишаа албум кој длабоко се нурнува во сржта на нивните музички корени туку и заумно трага по заедничките нитки на овдешната балканска вештачки поделена звуковност.
Сергеј Андреевски, сликар чиј темперамент и енергија пленат одовде до бреговите на Атлантикот и околу меридијаните.
Драган Даутовски, народен уметник и артист на УНЕСКО.
Јелена Јованова, младата актерка која со „Во земјата на крвта и медот“ на Анџелина Џоли, учествуваше на доделувањето на наградите „Синема фор пис“ што се одржа во Берлин и која одигра неколку улоги во театарот со кои може само да се гордее.
Сашо Татарчевски, педагог и диригент на Женскиот младински хор при Младинскиот културен центар од Скопје кој годинава како најнаградуван хорски ансамбл прослави четири децении од своето постоење.
Владимир Мартиновски, поет, есеист, прозаист и пред две години добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата.
Конечно, една од маркантните пројави во изминатата година беше и албумот „Љубојна брас фантази“, дело кое го потпишаа Вера Милошевска, Оливер Јосифовски и нивните соработници и кое ја воодушеви публиката на два наши фестивала „Илинденски денови“ и „Денови на македонска музика“ и кое допрва ќе се расвирува на светските сцени.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5