Нецели четири месеци по инспиративниот настап на Илинденски денови, „Љубојна брас фантази“ ќе грмне и во Универзална сала. Концертната промоција на новиот албум на Вера Милошевска и Оливер Јосифовски, токму како што и прилега, ќе ги донесе сончевината, љубовта и радоста на беломорската музика, на една класична манифестација - „Есенски музички свечености“.
„Ова „Љубојна“ што го работи во последниве 10-12 години се надевам дека влегува во класичната македонска музика, меѓутоа и во некласичното очекување што ќе направи групата овојпат. Затоа што класично за мене значи „вообичаено“, а она што ние го правиме е далеку од очекуваното во моментот. Секојпат сакаме да ги скршиме тарабите и да видиме што има од другата страна, така да со таа љубопитност го спремавме овој концепт и овој концерт“, истакнува Оливер Јосифовски.
Тој дополнува дека станува збор за нов концепт за јавноста, но не и за нив како творци и дека тие посегнале по пребогатата и раскошна егејска музичка традиција, не за да ја „преџвакаат“, туку да ја чествуваат радоста и убавината на музицирањето. Од таму овојпат ќе бидат придружувани од 14 музичари, виртуози на лимени дувачки инструменти, со голема женска пеачка група која што многу спонтано знае да развие оро на сцена и дека, всушност, фокусот е ставен врз единствениот вокален сензибилитет на Вера Милошевска од чие грло и досега со неверојатна леснотија потекувале „Твојте очи Лено“, „Мори чупи костурчанки“, „Крена Мартината“ и други бисер-песни.
Милошевска, од своја страна, забележува дека ќе се обиде со публиката да ја сподели сопствената радост што „Љубојна“ по прв пат работи еден ваков проект и дека со толку голем оркестар зад себе и таа има голема мотивација да го даде најдоброто што го умее.
„Публиката знае дека јас многу спонтано преку песната разговарам со неа и знае дека овојпат ќе ги одведам на едно патување низ Егејска Македонија кое нема да им остави друга можност освен тоа од концертот да си заминат со многу љубов во себе и со впечатоци дека преубаво си ја поминале вечерта со една прекрасна вонвремена музика.“
„Љубојна брас фантази“ е петтиот албум во низата во која се „Парите се отепувачка“(2005), „Македонија фреш“(2008), „Песна за мојата песна“(2009) и минатогодишниот „Љубојна во живо“, а Јосифовски, говорејќи за актуелниот концепт и неговата натамошна опстојба со појаснување дека на овој начин отвораат уште една страница во своето делување.
„Отвораме уште една нова страница, уште една нова визија во она што се вика творештво на „Љубојна“. Целата идеја е да се покрие и да се зачува една музика која нам ни е многу важна во процесот на тоа како течеше и како се градеше „Љубојна“. Тоа е тоа. Тоа е една музика која што сите ја знаеме, која што сме ја сретнале... меѓутоа некои теми сепак ни останале непознаница, или ги знаеме само по кодот на она што се вика македонска музика.“
Инаку, музиката на „Љубојна“ е застапена и на неколку компилациски објави, а летово Вера Милошевска, како претставник на Република Македонија, стана една од 12 пејачки чии изведби се најдоа на изданието „Жените од Балканот“ што го финансираше Советот за регионална соработка на Југоисточна Европа .
„Ова цеде е супер заради тоа што обединува различни музички јазици, многу типични и кои во светот се познати под едно заглавие „Балканска музика“. Таму влегува сè и сешто, публиката колку има шанса со мрежната комуникација да ги чуе толку и нема, па затоа компилацијата со 12 најразлични гласа е добредојдена и одлично што Советот за регионална соработка на Југоисточна Европа овојпат финансираше еден ваков плодотворен проект од културата, од музичката уметност.“
Кон ова само уште информацијата дека по концертот во Универзална сала, што патем како организатори заеднички го потпишуваат Центарот за култура од Битола и Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје, „Љубојна“ ќе ја започне и промоцијата на новиот албум со перформанси во останатите градови од земјава.
Ова „Љубојна“ што го работи во последниве 10-12 години се надевам дека влегува во класичната македонска музика, меѓутоа и во некласичното очекување што ќе направи групата овојпат. Затоа што класично за мене значи „вообичаено“, а она што ние го правиме е далеку од очекуваното во моментот. Секојпат сакаме да ги скршиме тарабите и да видиме што има од другата страна, така да со таа љубопитност го спремавме овој концепт и овој концерт.Оливер Јосифовски, член на Љубојна.
„Ова „Љубојна“ што го работи во последниве 10-12 години се надевам дека влегува во класичната македонска музика, меѓутоа и во некласичното очекување што ќе направи групата овојпат. Затоа што класично за мене значи „вообичаено“, а она што ние го правиме е далеку од очекуваното во моментот. Секојпат сакаме да ги скршиме тарабите и да видиме што има од другата страна, така да со таа љубопитност го спремавме овој концепт и овој концерт“, истакнува Оливер Јосифовски.
Тој дополнува дека станува збор за нов концепт за јавноста, но не и за нив како творци и дека тие посегнале по пребогатата и раскошна егејска музичка традиција, не за да ја „преџвакаат“, туку да ја чествуваат радоста и убавината на музицирањето. Од таму овојпат ќе бидат придружувани од 14 музичари, виртуози на лимени дувачки инструменти, со голема женска пеачка група која што многу спонтано знае да развие оро на сцена и дека, всушност, фокусот е ставен врз единствениот вокален сензибилитет на Вера Милошевска од чие грло и досега со неверојатна леснотија потекувале „Твојте очи Лено“, „Мори чупи костурчанки“, „Крена Мартината“ и други бисер-песни.
Публиката знае дека јас многу спонтано преку песната разговарам со неа и знае дека овојпат ќе ги одведам на едно патување низ Егејска Македонија кое нема да им остави друга можност освен тоа од концертот да си заминат со многу љубов во себе и со впечатоци дека преубаво си ја поминале вечерта со една прекрасна вонвремена музика.Вера Милошевска, член на Љубојна.