Достапни линкови

Издадена Антологија на современиот македонски расказ


Антологија на современиот македонски расказ, корица.
Антологија на современиот македонски расказ, корица.

Триесет и три автори со исто толку творби се најдоа во новата „Антологија на македонскиот современ расказ“ што деновиве, со предговор на Христо Петрески, ја објави книгоиздателството „Феникс“ од Скопје.

Венко Андоновски, Игор Исаковски, Трајче Кацаров, Ермис Лафазановски, Владимир Мартиновски, Митко Манџуков, Јагода Михајловска Георгиева, Оливера Ќорвезироска, Ристо Ѓ. Јачев, Јован Павловски, Блаже Миневски и Гоце Смилевски се меѓу триесет и трите автори кои со по еден свој расказ се најдоа во штотуку објавената „Антологија на македонскиот современ расказ“. Книгата се појави како издание на „Феникс“, а изборот и предговорот се на Христо Петрески.
За разлика од другите антологии кои имаат претензии да направат подлабок историски заграб во македонската прозна продукција на краткиот расказ, оваа антологија, затоа ми се чини дека е посовремена, понаша, во неа повеќе се огледува актуелниот процес на творештвото.
Томислав Османли, писател.

„Идејата да се состави Антологија на македонскиот современ расказ воопшто не беше случајна, напротив. Мојот основен мотив беше да се укаже на вредностите на македонската нова проза. Мислам дека во поново време прозата е апсолутно во еден динамичен, би рекол, брз развој и мислам дека се наоѓа во самиот свој зенит.“

Интересно е и тоа што во оваа антологија безмалку сите застапени раскази се во избор на самите автори, па токму и затоа и не случајно Петрески во предговорот ја нарекува и „Антологија на (само)избраните“.
Христо Петрески, писател и составувач на антологијата.
Христо Петрески, писател и составувач на антологијата.

Томислав Османли, еден од писателите чиј расказ е влезен во оваа книга, забележува дека антологијата е вистинско освежување во нашата прозна продукција, во кратката прозна форма.

Однапред знам, како составувач на оваа Антологија, дека сите антологичари, сите составувачи на антологии секогаш се осудени на критика, бидејќи во ниедна антологија, независно дали се 33 автори или 333 автори не можете да ги опфатите сите.
Христо Петрески, писател и составувач на антологијата.
„Авторот очигледно предлагајќи 33, како тој ги нарекува најубави раскази, се обидува да направи пресек на естетиката, на изразот, на тематизациите што ги преокупираат живите македонски автори, оние што се во жив творечки процес. За разлика од другите антологии кои имаат претензии да направат подлабок историски заграб во македонската прозна продукција на краткиот расказ, оваа антологија, затоа ми се чини дека е посовремена, понаша, во неа повеќе се огледува актуелниот процес на творештвото.“

„Антологија на македонскиот современ расказ“ е објавена во Библиотеката „Тренд“ во која составувачот претходно ги публикуваше и хрестоматските избори „Македонска филмска критика“ и „Македонска театарска критика“.

Инаку, како и со претходните објави и во овој случај, Петрески е убеден дека неговото дело и искрената заложба се осудени и на осуда од оние кои не се нашле во антологијата.

„Однапред знам, како составувач на оваа Антологија, дека сите антологичари, сите составувачи на антологии секогаш се осудени на критика, бидејќи во ниедна антологија, независно дали се 33 автори или 333 автори не можете да ги опфатите сите што пишуваат и што сметаат дека и ним им е местото токму во таа антологија“, вели Петрески.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG