Дванаесет изданија на џебна литература посветена на историски личности од ајдучкиот и комитскиот период од 1878 до 1904 година, подготвува прилепскиот новинар, писател и истражувач, Тренчо Димитриески. Неоптоварен да наметнува некаква идеологија, но поаѓајќи чисто од историски и културен аспект, како што тврди, Димитриески настојува да ги расветли историските вистини за македонски личности како Сирма Војвода, Толе Паша, Спиро Црне, Мирче Ацев-чичкото на народниот херој Мирче Ацев и други кои имаат свој придонес во борбата и отпорот против
турското ропство.
„На едно место не можеме да најдеме материјал за овие личности посебно. И затоа мојата идеја е да се направат вакви помали изданија, колку што има материјал за секој од тие личности, некоја од книгите ќе биде и за двајца личности како Спиро Црне и Горгиј Лажот, Коне Павлев, Мирче Ацев итн. Меѓутоа на едно место да прочитаме за она, се што се среќава во литературата и што е дел интересно раскажано од потомци на некои современици“, истакнува Димитриески.
Тој е посветен на овој проект со години. Ги посетил зачуваните родни куќи во многу населени места во Пелагонија и Мариовско. Разговарал со стотици луѓе, ги документирал и сеќавањата и преданијата низ фотографии и изјави на потомците на овие личности.
„За секое од овие изданија, па дури и за секој од личностите што се внатре, ако се двајца во една книга, да направам некој вид манифестации на местата на којшто загинале или можеби се родиле, независно... на некој начин да го поттикнеме и оживееме просторот во кој што тие дејствувале, загинале, го дале животот, се родиле итн.“
Материјалот е целосно подготвен, но од овој комплексен проект досега е испечатена само една книга посветена на Толе Паша.
Димитриески доставил барање за финансиска поддршка до Министерството за култура, но пари не добил.
„Во Министерството за култура е доставен како збирен проект се вика „Комитски битки во Пелагонија, Мариово и преку рид“. Значи овие се еден вид сепарати, доработени од тој поголем проект, тогаш така се викаше и објавувани се делови по весниците, меѓутоа досега не реагирале“, потенцира Димитриески.
Без оглед што не добил ниту денар поддршка, сепак овој ентузијаст вели дека упорно ќе продолжи со реализацијата и по многу години ако треба проектот ќе го финишира и нема да дозволи сознанијата до кои дошол да не останат зачувани како културно-историско наследство за следните генерации.
Во Министерството за култура е доставен како збирен проект се вика „Комитски битки во Пелагонија, Мариово и преку рид“. Значи овие се еден вид сепарати, доработени од тој поголем проект.
„На едно место не можеме да најдеме материјал за овие личности посебно. И затоа мојата идеја е да се направат вакви помали изданија, колку што има материјал за секој од тие личности, некоја од книгите ќе биде и за двајца личности како Спиро Црне и Горгиј Лажот, Коне Павлев, Мирче Ацев итн. Меѓутоа на едно место да прочитаме за она, се што се среќава во литературата и што е дел интересно раскажано од потомци на некои современици“, истакнува Димитриески.
Тој е посветен на овој проект со години. Ги посетил зачуваните родни куќи во многу населени места во Пелагонија и Мариовско. Разговарал со стотици луѓе, ги документирал и сеќавањата и преданијата низ фотографии и изјави на потомците на овие личности.
„За секое од овие изданија, па дури и за секој од личностите што се внатре, ако се двајца во една книга, да направам некој вид манифестации на местата на којшто загинале или можеби се родиле, независно... на некој начин да го поттикнеме и оживееме просторот во кој што тие дејствувале, загинале, го дале животот, се родиле итн.“
Материјалот е целосно подготвен, но од овој комплексен проект досега е испечатена само една книга посветена на Толе Паша.
Да го поттикнеме и оживееме просторот во кој што тие дејствувале, загинале, го дале животот, се
родиле итн.