Достапни линкови

Електронска архива во прилепската библиотека


Библиотеката во Прилеп
Библиотеката во Прилеп

Прилепската библиотека „Борка Талески“ е дел од меѓународниот Кобис-систем, па во догледно време вкупниот книжевен фонд ќе може да се пребарува електронски во електронската архива.

Со приклучување во оваа мрежа градската библиотека ќе ги отвори вратите и за љубителите на пишаниот збор надвор од границите на државата. Зашто според зборовите на директорот Петар Петрески, во договор со авторите на дел романи, делата ќе може да се читаат во електронска форма.
Имплементацијата на овој систем на електронско пребарување значи и освојување на последниот збор во процесот на осовременување на библиотеката.
Од секое место каде што имаат пристап на интернет, можат да се поврзат со нашата библиотека, во секое време да ги пребаруваат нашите локални бази на книжевниот фонд, да видат со какви книги располагаме, дали моменално ги имаме на лагер.


Петар Петрески, директор на прилепската библиотека

„Од секое место каде што имаат пристап на интернет, можат да се поврзат со нашата библиотека, во секое време да ги пребаруваат нашите локални бази на книжевниот фонд, да видат со какви книги располагаме, дали моменално ги имаме на лагер, преку телефон натаму може да се закажуваат, да се резервираат книгите, и со еден збор да му се излезе пресрет на читателот. Значи нашата цел е читателот да го доближиме до библиотеката, до книгата, библиотеката да ја чувствува за свој втор дом“, изјави директорот Петрески.

Тој додава дека за да се зголеми информираноста на читателите, библиотеката започна со издавање на билтен за секој квартал од годината. Два пати годишно се намалува членарината, се организираат групни посети на основците, литературни и рецитаторски натпревари, а библиотеката стана и мултикултурен центар каде се одржуваат бројни изложби, промоции на книги, богата културна понуда секоја недела, а конзументи се граѓаните од сите возрасти.
Голем број од средната и постарата популација доаѓа во библиотеката, некој да прочита весник, списание, а некој да набави некоја интересна книга која е актуелна и би ги задоволила нивните интелектуални потреби.

„Моментално градската библиотека „Борка Талески“, располага со фонд од над 100.000 примероци и оваа бројка секојдневно се менува, бидејќи скоро секоја недела набавуваме нова литература. Последниве две години се набавени околу 5.000 нови примероци на најатрактивна литература што е барана од нашите корисници.“

Како што вели Петрески, во рамки на библиотеката функционира читална со се побогат избор на весници и магазини.

„Голем број од средната и постарата популација доаѓа во библиотеката, некој да прочита весник, списание, а некој да набави некоја интересна книга која е актуелна и би ги задоволила нивните интелектуални
Од странските автори најчитани се Куељо, Антони де Мело, Скот Пек, Роберт Ладлам, Мишел Моран и многу други.
потреби.“

Од друга страна, библиотеката е опремена со компјутерски систем, се збогатуваат одделите за странски јазици, се набавува особено литература на англиски јазик, па може да се најдат сите светски реномирани авторски имиња.

„Од странските автори најчитани се Куељо, Антони де Мело, Скот Пек, Роберт Ладлам, Мишел Моран и многу други“, истакнува Петрески.

Од домашните автори се најбарани Венко Андоновски, Благоја Ристески-Платнар, Трајче Крстески и Благоја Алексоски. Во моментов во градската библиотека членуваат над 6.500 читатели, кои ги уживаат сите новини во овој дом на книгата.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG