Достапни линкови

Библиотеката во Куманово, снабдена


Куманово
Куманово

Библиотеката ,,Тане Георгиевски" во Куманово е снабдена со сите лектири и стручна литература и подготвено ги чека читателите на стартот на нова школска година.

Снабдена со сите книги за лектира за основците и средношколците, стручна и периодична литература за останатите корисници, Градската библиотека „Тане Георгиевски“ во Куманово, на почетокот на учебната и академската година подготвено ги дочека своите корисници. Повеќе од половина година реновиран, естетски, функционално и современо опремен простор располага и со голем фонд на книги, вели директорката Нада Ивановска, а во тек се уписи на новите и обновување на членарината на читателите.
За почеток според Ивановска:

„Најмногу има ученици од основните и од средните училишта, кои зафаќаат и најголем процент од нашите корисници, како и студентите
Најмногу има ученици од основните и од средните училишта, кои зафаќаат и најголем процент од нашите корисници, како и студентите кои користат стручна литература. Не изостануваат ниту редовните членови кои бараат книги за разонода
кои користат стручна литература. Не изостануваат ниту редовните членови кои бараат книги за разонода.“

Колку се корисниците на вашите книги кои имаат најдолг стаж и кои библиотеката ја сметаат за свој втор дом?

„Најдолг стаж во нашата библиотека имаат околу 700 до 800 читатели кои од најмала возраст, па се до ден-денес користат книги и друга библиотечни материјали, службени весници, периодична литература. Тоа е и за нив и за нас задоволство,оти се редовни посетители на овој храм на културата.“

Вели Ивановска и додава дека библиотеката обезбедила нови книги од сите области, со што вкупниот книжен фонд изнесува 180 илјади книги, меѓу кои книга има за секого. А во реновираната и современо опремената библиотека подобрени се и условите за читателите.

„Има доволно литература и книги од сите области, стручна и преведена од странски автори што како проект на Владата на РМ се донирани во библиотеката и нашите корисници можат да ги користат.“

Во читалната на библиотеката корисниците имаат пристап и до интернет услугите.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG