Протест во Кочани - правда и крај на корупцијата
Стотици граѓани се собраа во градскиот парк во Кочани да оддадат почит на загинатите десетици млади луѓе во дискотеката „Пулс“. Со протест револтот го искажаа и пред општината, судот и обвинителството. Го демолираа и кафулето на газдата на дискотеката „Пулс“. Сите очекуваат правда и крај на корупцијата.