Достапни линкови

Промоција на романот на Пандев во Куманово


Писателот Димитар Пандев
Писателот Димитар Пандев

Романот „Пропатување низ приказните“ од лингвистот и литературниот критичар, професор д-р Димитар Пандев претставен пред кумановци.

Романот „Пропатување низ приказните“ од лингвистот и литературниот критичар професор д-р Димитар Пандев, љубопитните љубители на литературата од Куманово ќе го читаат најмалку двапати. Или како што самиот автор претставувајќи им се, им порача дека така е најдобро. Еднаш се чита на екс, а потоа голтка по голтка. Овој роман е награден со наградата „Стале Попов“, едно од најпрестижните признанија за литературата во нашата држава.
За романот кој се чита во еден здив, професор д-р Драги Михајловски им порача на кумановци:
Одамна тоа кај нас тоа го нема. А Димитар Пандев, што е малку чудно за еден професор од 50 години, се појавува сега со проза
и е цар.

„После долго време имаме една свежа проза во македонската литература. Необично свежа, несекојдневна. Ова не се формални зборови, ова не е мој стил да фалам нешто без врска. Необично свежа, нова. Вистински раскажувач.“

Иако, Димитар Пандев пишува со жив збор, онака како што и во секојдневието ги раскажува настаните, Михајловски додава:

„Одамна тоа кај нас тоа го нема, a Димитар Пандев, што е малку чудно за еден професор од 50 години, се појавува сега со проза и е цар. Мислам прва лига е книгата.“

Авторот, пак, вели дека овој роман се надоврзува на неговото претходно дело „Приказни од поранешните“ и додава:

„Овдека добива една посложена форма. Во основа јас ја прифаќам идејата, токму во Куманово да се претставуваат книги со наградата „Столе Попов“. Како добитник на оваа награда во оваа година се надоврзувам на онаа добра плејада македонски раскажувачи,
Во основа јас ја прифаќам идејата, токму во Куманово да се претставуваат книги со наградата „Столе Попов“.
почнувајќи од Кирил Пејчиновиќ, Марко Цепенков, Атанас Папуџија, Стале Попов, награда што сум ја добил, Блаже Конески, кои што на извесен директен или индиректен начин биле мои учители токму во оформувањето на ова дело.“

Лесната наративност со која Пандев го води читателот од настан во настан не ниту чудно ниту необично, веќе да има голем број члитатели, за што авторот забележува:

„Така, оваа книга веќе била прифатена и промовирана на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Има свои читатели и меѓу странците, бидејќи добар дел од настаните од оваа книга се случуваат и во други земји, меѓу пријателите на Македонија и на македонскиот јазик“, вели Димитар Пандев професор на Филолошкиот факултет во Скопје.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG