Со свој одбир на поезија и проза на македонски јазик и едновремено со актерска интепретација на препевите и преводите на германски, Игор Исаковски, Владимир Мартиновски и Роберт Алаѓозовски и групата Баклава, ќе се претстават на актуелниот Меѓународен саем на книгата во Лајпциг, по оној во Франфурт, втор по големина во Германија и еден од најзначајните воопшто во светот. Оваа манифестација со години наназад посветува особено внимание на литературата од Југоисточна Европа, а во оваа пригода ќе има повеќе од 60 учесници од 13 земји од регионов. Главниот настан ќе биде големата Балканска ноќ која ќе се одржи на 20 март, а на која акцентот и овојпат ќе биде ставен на на културните аспекти, гостувања и претставувања на авторите преку јавни настапи и разни други форми на комуникација со публиката.
„На Балканската вечер, заедно со реномирани писатели од сите балкански земји ќе настапуваме двајца книжевници од Македонија, Игор Исаковски кој што ќе се претстави со своето прозно и поетско творештво, а јас ќе имам прилика да прочитам песни од мојата најнова книга која што се вика „Квартети“ и која што излезе пред неколку дена. Станува збор за визуелна поезија, така што на видео-бим и на германски јазик ќе може да се види, песната што едновремено претставува и слика“, истакнува Владимир Мартиновски.
Тој додава дека за ова претставување е подготвена и брошура на 40-на страни во која на германски јазик се објавени творби од повеќе современи македонски писатели како Катица Ќулафкова, Ефтим Клетников, Луан Старова, Петре М.Андреевски, Драги Михајловски, Ким Мехмети, Гоце Смилевски, Александар Прокопиев и други. Инаку, интересно е и тоа што токму Балканската ноќ ќе треба да кулминира со настапот на македонскиот состав Баклава, кој ден потоа ќе музицира и во Берлин, за што Дејан Сибиновски ќе забележи:
„Таму, Баклава ќе се обиде да ја претстави македонската култура во вистинско светло и на едно највиско ниво, колку што се може, со композиции од двата алубама, па и некои нови, кои што целиот свет не само традиционалната музика ќе може да ја види, туку и нашите авторски дела.“
На ова и не само книжевно случување со свое излагање ќе настапи и критичарот и есеист Роберт Алаѓозовски кој е планирано да учествува на трибината посветена на културните портали во регионот и предизвиците со кои тие се соочуваат.
Гостувањето на македонските творци на Меѓународниот саем на книгата во Лајпциг, како што информираат од книгоиздателството Блесок, се остварува единствено со подршката што тие ја добиле од проектот за меѓусебни преводи и соработка Традуки.
На Балканската вечер, заедно со реномирани писатели од сите балкански земји ќе настапуваме двајца книжевници од Македонија
„На Балканската вечер, заедно со реномирани писатели од сите балкански земји ќе настапуваме двајца книжевници од Македонија, Игор Исаковски кој што ќе се претстави со своето прозно и поетско творештво, а јас ќе имам прилика да прочитам песни од мојата најнова книга која што се вика „Квартети“ и која што излезе пред неколку дена. Станува збор за визуелна поезија, така што на видео-бим и на германски јазик ќе може да се види, песната што едновремено претставува и слика“, истакнува Владимир Мартиновски.
Тој додава дека за ова претставување е подготвена и брошура на 40-на страни во која на германски јазик се објавени творби од повеќе современи македонски писатели како Катица Ќулафкова, Ефтим Клетников, Луан Старова, Петре М.
Таму ,,Баклава" ќе се обиде да ја претстави македонската култура во вистинско светло и на едно највиско ниво