Достапни линкови

Нова книга на поетот Зимски


Поетска книга на Божидар Зимски
Поетска книга на Божидар Зимски

,,Така умираше една риба" е насловена втората поетска книга на младиот македонски поет Божидар Зимски чија промоција ќе се одржи во Младинскиот културен центар. Оваа објава е издание на книгоиздателството Макавеј од Скопје.

Новата стихозбирка на Божидар Зимски, Така умираше една риба, се состои од 37 песни и претставува длабоко понирање во психологијата на младата личност од нашето време. Поетскиот збор на овој автор изобилува со иронија и извонредна асоцијативност што го внесува во предните редови на младата македонска поезија. За својата актуелна објава авторот со зборовите:
Книгата е и љубовна и патриотска, книгата и припаѓа на сите рамки, меѓутоа тоа пред се е рефлексивно, што само за себе говори дека материјалот за подобар човек, го носи секој човек во себе си


,,Идеата и поентата на ,,Така умираше една риба" е повеќе зафаќање со себе си, повеќе работа на себе си, затоа што претежно тоа е длабоко интровертна книга водена од едно мое мото, дека најбитните работи се наоѓаат во соништата на луѓето. Книгата е и љубовна и патриотска, книгата и припаѓа на сите рамки, меѓутоа тоа пред се е рефлексивно, што само за себе говори дека материјалот за подобар човек, го носи секој човек во себе си."

Како промотори на оваа книга се јавуваат веќе докажаните Јовица Тасевски Етернијан и Владимир Мартиновски, кој за поетиката на Зимски ќе рече:

,,Исказниот субјект во овие песни го чувствува своето тело, далеку поголемо и покомплексно од колку што е човековото тело. Имено низ бројните поетски слики и метафори, тоа тело во многу песни се преобразува во едно космичко тело."
Имено низ бројните поетски слики и метафори, тоа тело во многу песни се преобразува во едно космичко тело


Божидар Зимски живее и твори во Прилеп, а е застапуван во повеќе домашни и странски антологии на младата македонска и светска поезија, како и во ојн-лајн списанието Балкански книжевен гласник. Така умираше една риба ја објави книгоиздателството Макавеј, а уредникот Владимир Цветкоски за овој потег и за стимулирањето на младото македонско творештво ќе забележи:

,,Книгата е всушност дел од постојаната заложба на Макавеј, да ги открива, да ги охрабрува и да ги поддржува младите автори кои што се со препознатлив естетски код на современоста."
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG