Слично на Џон Меклафлин, Пако де Лусија и Ал Димеола кои заедно делуваа на изгревот на 1980-те, по концертот закажан за 17 март во белградскиот Сава центар во рамките на тамошниот Гитар арт фестивал, на светот ќе му биде претставено новото гитаристичко супер-трио КИНГ ОФ СТРИНГС.
Во него се Австралиецот Томи Емануел за кого, покрај Клептон, Сатријани, Стиви Вондер и Стив Ваи, таткото на електричната гитара Лес Пол во 2008 година ќе рече дека „ги има сите предиспозиции да биде најдобриот на сите времиња“, Холанџанецот Стокело Росенберг кој, пак, во 1992 од специјализираниот магазин „Гитарист“ беше добитник на наградата „Голден гитар“ и со РОСЕНБЕРГ ТРИО како највлијателни претставници на она што се нарекува џипси-џез и следбеници на славниот Џанго Реинард имаат снимено 16 албуми и македонскиот и балкански гитарски маг – Влатко Стефановски.
„Нема натпревар, има музичка размена, има музичка соработка и крајната идеја е да бидеме музикални, не да трчаме на 100 метри.“
Стефановски објаснува дека ова не е проект изваден од ракав и дека зад него стојат сериозни подготовки. Тој вели дека гитаристите досега имале шест средби на различни локации во Европа и дека трудољубиво и напорно работеле на создавањето на материјалот за серијата концертни настапи. Објаснува дека на репертоарот ќе имаат блуз и џез класици, теми на Реинард и нивни авторски композиции.
„Секој од нас предложи по нешто од оној материјал во кој најдобро „плива“, така што се најдовме на еден заеднички терен. Ме замолија да бидам „нежен“ со нив во понудата на мојот материјал, затоа што навистина е тоа, ако не си роден тука на Балканот, тој материјал знае да звучи навистина чудно, се разбира прекрасно, меѓутоа прилично тешко за изведба.“
За потребите на актуелната турнеја на КИНГС ОФ СТРИНГС е пуштен првиот видео клип со обработката на темата „Good Time Charlie“, пред самиот нејзин почеток ќе биде објавен и заедничкиот албум чиј проектиран наслов е „First steps“ и дека веќе е наголемо се снимаат и материјалите за документарниот филм.
„Не е моја изјава, туку на Томи Емануел кој во еден момент му кажа на Бошко Радојковиќ - правиме историја, навистина искрено се надевам дека овој проект ќе се избори за својот живот и ова е само почеток, ако останеме во добро здравје и расположение, мислам дека ќе свртиме светот со ова гитарско трио.“
Инаку, организатори на скопскиот концерт се Авалон продукција, а картите по цена од 800 до 1000 денари се веќе пуштени во продажба.
Нема натпревар има музичка размена, има музичка соработка и крајната идеја е да бидеме музикални, не да трчаме на 100 метри.Влатко Стефановски, гитарист.
Во него се Австралиецот Томи Емануел за кого, покрај Клептон, Сатријани, Стиви Вондер и Стив Ваи, таткото на електричната гитара Лес Пол во 2008 година ќе рече дека „ги има сите предиспозиции да биде најдобриот на сите времиња“, Холанџанецот Стокело Росенберг кој, пак, во 1992 од специјализираниот магазин „Гитарист“ беше добитник на наградата „Голден гитар“ и со РОСЕНБЕРГ ТРИО како највлијателни претставници на она што се нарекува џипси-џез и следбеници на славниот Џанго Реинард имаат снимено 16 албуми и македонскиот и балкански гитарски маг – Влатко Стефановски.
Секој од нас предложи по нешто од оној материјал во кој најдобро „плива“, така што се најдовме на еден заеднички терен. Ме замолија да бидам „нежен“ со нив во понудата на мојот материјал, затоа што навистина е тоа, ако не си роден тука на Балканот, тој материјал знае да звучи навистина чудно, се разбира прекрасно, меѓутоа прилично тешко за изведба.Влатко Стефановски, гитарист.