Опстанок во Сиверск: Животот во украински град на фронтот под руски напад
Градот Сиверск во украинската област Доњецк е срамнет со земја. Неколкуте преостанати локални жители живеат во подруми за да се засолнат од секојдневните руски воздушни напади. Дописникот на РСЕ, Серхи Хорбатенко го посети уништениот град на фронтот и разговараше со жителите кои се обидуваат да го преживеат рускиот напад.