Украински војници велат дека се сомневаат во прогласувањето на рускиот претседател Владимир Путин за тридневен прекин на огнот со Украина, кој треба да започне на 8 мај. Киев одговори со повик за итен прекин на огнот во траење од еден месец.
Украинско момче од Херсон раскажува како било принудно пренесено во Русија и сместено во камп за превоспитување. Боло ослободено од организацијата Спас за Украина.
Руските бомби и артилерија оставија разорен белег во Украина, претворајќи ги некогаш просперитетните градови во сцени на речиси целосно уништување. Снимките од беспилотни летала ја покажуваат штетата од руските напади откако градовите дојдоа во опсегот на артилерија
Глобалната продажба на Тесла опадна нагло во текот на првиот квартал од 2025 година поради улогата на Илон Маск во американската политика, но побарувачката во Украина е во пораст. Конкуренцијата од евтините кинески возила помогна да се намалат цените за автомобилите Тесла.
Единица на украински оператори со беспилотни летала, стационирани во Покровск, изјавија за украинскиот сервис на РСЕ дека станале главна цел за руските сили. Дописникот Евхенија Китаива-Русецска неодамна го посети уништениот град на фронтот, за прв пат по два месеци.
Екипажите од два украински брода за лов на мини се обучуваат во Британија за да се подготват за идната мисија за расчистување на експлозиви од Црното Море. Тие, најверојатно, ќе бидат распоредени откако ќе завладее прекинот на огнот меѓу Русија и Украина.
Градот Сиверск, во украинската област Доњецк, е срамнет со земја. Неколкуте преостанати локални жители живеат во подруми за да се засолнат од секојдневните руски воздушни напади.
Додека Русија ги концентрира војниците и огнената моќ за враќање на областите во регионот Курск сè уште окупирани од Украина, нејзините трупи велат дека го освоиле градот Суџа, но тоа е главно куп урнатини, велат аналитичарите.
Снимките со дрон над воените гробишта во Украина го откриваат обемот на воените жртви од конфликтот во земјата. Како што руската инвазија навлегува во својата четврта година, украинската влада не ги соопштува официјалните бројки на жртвите од конфликтот.
Исто како што машките затвореници во Украина може да добијат опција за воена служба за да им се намали казната, така и жените осуденици се повеќе се придружуваат. Тие се свесни за опасностите, но велат дека обновувањето на нивната гордост и целта вреди за тешкотиите.
Во пресрет на договорот меѓу Соединетите Држави и Украина за идните профити од ретките минерали, Украинците изразуваат прифаќање - се додека договорот значи безбедност и надеж дека домашното богатство ќе биде од корист за Украина.
Базата за подморници во Балаклава, на Крим, некогаш била советска тајна, а потоа била отворена како туристички музеј. Сега, набљудувачите тврдат дека базата повторно заживеа за руската воена морнарица.
По три години од целосната руска војна против Украина, дописниците на РСЕ фронтот, Марјан Кушнир и Јевхенија Китаива-Русецска споделуваат емотивни приказни за цивили и војници со кои се сретнале додека известувале за конфликтот.
Фоторепортерот Серхи Нижненко од украинскиот сервис на РСЕ три години ги следи случувањата во изминатите три години. Избравме 36 од неговите најмоќни фотографии.
Вчитај повеќе