На македонскиот театар, по навистина долга пауза, конечно му се случи мјузикл. И тоа со сите нишани. Онаков каков што го препознава публиката во земјите од светот каде што оваа форма одамна има фатено корен и е традиција на која се горди и од која што живеат тамошните уметници.
Овој чин како премиера се обистини во саботата во Центарот за културата „Глигор Прличев“ на затворањето на драмската програма на 52-то издание на летната културна манифестација „Охридско лето“, а потписникот на овие редови воопшто не се сомнева дека „Декамерон“ од Бокачо како проект на Театарот за деца и младинци од Скопје и Македонскиот национален театар, во новата сезона 2012/ 2013 година, ќе биде една од претставите за која ќе се бара карта повеќе на благајните.
А, за ова заслужни се режисерот Боњо Лунгов со својата екипа на соработници (бугарскиот поет Иван Теофилов, нашиот Никола Маџиров кој го преведе текстот, композиторот Михаил Шишков, костимографката Дирјана Прванова) и актерите од обете институции како Тања Кочовска Павловска, Арна Шијак, Ана Левајковиќ, Јелена Јованова, Славиша Каевски, Предраг Павловски; Емра Куртишова и други, кои и во оваа пригода со леснотија потврдија дека се подобри пејачи од оние кои глумат дека се тоа на актуелната поп сцена во Македонија.
Тие, за релативно краток период, работејќи пеколно успеале да направат продукт кој го слави животот и од кој, во овие туробни времиња, бликаат оптимизмот и вербата дека убавото е она кон што сите заедно треба да се стремиме.
Од друга страна, пак, постановката чија што изведба беше пречекана со стоечки овации, на повидок го изнесува и горливото прашање: Ќе биде ли ова инцидентна појава која ќе има свој век или конечно со „Декамерон“ ќе ја сториме нашата искрена заложба за востановување на каква таква традиција на мјузикли на македонската театарска сцена?
Лунгов, кој во изминативе две децении со својата специфична естетика и поставените проекти во Театарот за деца и младинци има донесено многу радости и награди по фестивалите, вели дека овој жанр кој и не се прави така лесно нема некоја традиција во балканските земји. Тој потенцира дека притоа финансиите не се основниот проблем.
„Не е само до парите. Во Бугарија при поставувањето на „Сиот тој џез“ и „Коса“ беа потрошени стотици илјади евра, но сепак ништо не излезе од тие проекти и по кратко време обата беа тргнати од репертоарот на театрите. Треба многу работа со актерите и мора да се стремиме кон создавање на традицијата на мјузикли во регионов зошто овие актери, посебно македонските, душа дале за таков вид театарски израз.“
Тања Кочовска, која зад себе има успешна пејачка кариера, истакнува дека многу го сака мјузиклот и дека ужива во спојот на музиката и театарската игра.
„Тој жанр мјузикл јас навистина многу го сакам оти по некоја случајност го имам тој ген и сум се бавела со пеење и кога ќе се спои актерството со пеење едноставно е задоволството да се работи тој жанр – односно мјузиклот.“
Актерот, режисер и селектор на театарската програма на „Охридско лето“ Ѓорѓи Јолевски, пак, забележува дека за инцидентна појава на мјузиклот кај нас ќе говориме се’ до моментот додека државата не одлучи да го институционализира жанрот.
„Сметам дека кога државата ќе ја дефинира потребата за мјузикл-театар и кога ќе се направи како институција тогаш нема да се прават обиди туку ќе има континуитет во творештвото.“
Некои од актерите дополнуваат дека иднината на овој жанр кај нас треба да се гледа и во делувањето на новоформираниот Театар комедија, но безмалку се единствени околу потребата за зачеток на традиција на мјузикли во земјава оти како што велат тие имаат сили да се носат со барањата и стандардите на жанрот.
Кон ова само уште информацијата дека „Декамерон“ како копродукциски проект е и зачеток на младинската сцена во Театарот за деца и младинци од Скопје, нешто на што во оваа институција засилено ќе се работи во периодот што претстои.
Не е само до парите. Во Бугарија при поставувањето на „Сиот тој џез“ и „Коса“ беа потрошени стотици илјади евра, но сепак ништо не излезе од тие проекти и по кратко време обата беа тргнати од репертоарот на театрите. Треба многу работа со актерите и мора да се стремиме кон создавање на традицијата на мјузикли во регионов зошто овие актери, посебно македонските, душа дале за таков вид театарски израз.Боњо Лунгов, режисер.
А, за ова заслужни се режисерот Боњо Лунгов со својата екипа на соработници (бугарскиот поет Иван Теофилов, нашиот Никола Маџиров кој го преведе текстот, композиторот Михаил Шишков, костимографката Дирјана Прванова) и актерите од обете институции како Тања Кочовска Павловска, Арна Шијак, Ана Левајковиќ, Јелена Јованова, Славиша Каевски, Предраг Павловски; Емра Куртишова и други, кои и во оваа пригода со леснотија потврдија дека се подобри пејачи од оние кои глумат дека се тоа на актуелната поп сцена во Македонија.
Тие, за релативно краток период, работејќи пеколно успеале да направат продукт кој го слави животот и од кој, во овие туробни времиња, бликаат оптимизмот и вербата дека убавото е она кон што сите заедно треба да се стремиме.
Сметам дека кога државата ќе ја дефинира потребата за мјузикл-театар и кога ќе се направи како институција тогаш нема да се прават обиди туку ќе има континуитет во творештвото.Ѓорѓи Јолевски, селектор на театарската програма на „Охридско лето“.