Достапни линкови

Концерт на пијанистот Дино Имери во Света Софија


Дино Имери.
Дино Имери.

Со дела од Бетовен, Брамс, Равел и Лист, в сабота од 21 часот, во црквата Света Софија, во рамките на годинешното 52 издание на манифестацијата „Охридско лето“, солистички концерт ќе одржи Дино Имери, еден од најуспешните македонски пијанисти од помладата генерација.

Се работи за програма која што е составена од композиции кои се нови во мојот репертоар и од дела кои досега во неколку прилики сум ги изведувал во странство, но кои со голема одговорност и со радост ќе и ги свирам на публиката. Ова е она што првично ќе го нагласи пијанистот Дино Имери во пресрет на неговиот солистички концерт што ќе се одржи оваа сабота, во црквата Света Софија, во рамките на 52-то издание на фестивалот „Охридско лето“.
Сакам да ја прикажам универзалноста на музиката затоа што секоја од овие композиции на свој начин е поврзана во една целина. Цело време инсистирам на таа поврзаност затоа што сметам дека жанровските рамки во класичната музика се помалку или повеќе измислени за некаква класификација или категоризација, а всушност не можеме да зборуваме за јасно дефинирани граници.
Дино Имери, пијанист.

Преку одбраните дела за својот рецитал, Последната соната на Бетовен – философско дело и предизвик за пијанисти дури и со поголемо искуство, Интермецо во а-дур на Јоханес Брамс посветено на Клара Шуман, за композициите на Равел и Лист, Имери вели дека сакал не само да ги претстави идеите на секој од творците туку и да ја побара заедничката врска без рамките на стилот и епохата во која тие се напишани.
Дино Имери.
Дино Имери.

„Сакам да ја прикажам универзалноста на музиката затоа што секоја од овие композиции на свој начин е поврзана во една целина. Цело време инсистирам на таа поврзаност затоа што сметам дека жанровските рамки во класичната музика се помалку или повеќе измислени за некаква класификација или категоризација, а всушност не можеме да зборуваме за јасно дефинирани граници.“
Овој концерт е почеток на еден интересен период што следува за мене на самостојно делување како уметник, а верувам ќе ми помогне сигурно да настапам на сцените низ повеќе реномирани концертни подиуми.
Дино Имери, пијанист.

Дино Имери е еден од најуспешните македонски пијанисти од помладата генерација кој зад себе има серија на успешни настапи не само на домашните сцени и културни манифестации туку и во странство. Неодамна дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на професор Борис Романов со оцена Cum Laude, а член е и на Европската пијано програма која вклучува 18 пијанисти од Стариот континент и опфаќа работилници и концерти низ европските метрополи. Добитник е на бројни награди и признанија, а поздравувајќи ја идејата на организаторите на „Охридско лето“ ширум да ги отворат портите за младите и талентирани македонски музичари вели дека овој концерт за него лично има посебно значење.

„Овој концерт е почеток на еден интересен период што следува за мене на самостојно делување како уметник, а верувам ќе ми помогне сигурно да настапам на сцените низ повеќе реномирани концертни подиуми.“

Пијанистот е убеден дека ако секој млад човек го работи она што го сака со посветеност, со љубов и искрено, без штедење во пристапот кон работата, тогаш не е потребно да се форсираат и усилуваат некакви чекори кон остварување на кариера во пошироки рамки.

Дино Имери дополнува дека пред себе секогаш има нови предизвици, дека на почетокот од новата сезона ќе има солистички настап во КИЦ во Скопје, тука се и перформансите со програма од камерна музика кои треба да фрлат нова светлина на неговото музицирање и претстојната серија на концерти во Италија, Полска и во Хрватска за која, како што вели, преговорите се во тек.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG