Достапни линкови

Дединец - Почисто Скопје до 2025 година


Дединец: Даноците на граѓаните да се искористат за поеколошки возила
please wait

No media source currently available

0:00 0:10:41 0:00

Дединец: Даноците на граѓаните да се искористат за поеколошки возила

Александар Дединец, научен соработник во МАНУ за енергетика и животна средина, во интервју за РСЕ вели дека прават стратегии со кои треба да се најдат изворите на загадување и тие да се тргнат. Тој вели проблемот треба да се реши систематски, не само да се превенира.

Господине Дединец, екологистите критикуваат дека најголем дел од владините мерки се долгорочни, а и во вашата студија наведувате дека резултати од мерките што ги предлагате ќе има за седум години. Зошто не се решава проблемот кој е стар со години?

Ние сакаме проблемот да го решиме систематски, не само да превенираме, туку да се излечиме од овој проблем. Овие краткорочни мерки се превенција, да се адаптираме на загадувањето, да гледаме да го намалиме во моментот, но ние сакаме да ги најдеме изворите кои најмногу придонесуваат за тоа и да можеме да го тргнеме изворот кој придонесува до тоа и затоа нашата визија е за почисто Скопје до 2025 година.

Како гледате на критиките во јавноста дека со малку пари Владата се справува со загадувањето со оглед дека од даноци од граѓаните што ги издвојуваат за животна средина се собираат стотици милиони, а Владата издвојува само 1,6 милиони евра за да се справува со загадувањето?

Токму тоа е една од водечките идеи во нашите студии што ги работевме, особено за транспортен сектор, каде што велиме дека оние пари кои се собрани од еколошките такси по различни основи, без разлика дали е тоа при увоз на возила, дали е при оданочување кога се полни гориво или е при регистрација на возилата, сите тие пари на некој начин да се вратат на граѓаните преку одредени субвенции за купување на поефикасни возила.

Со овие средства, колку е логично да се очекува дека за две години загадувањето во Тетово и во Скопје ќе се намали за 50 проценти, како што се најавите, со оглед на тоа што средствата не се значително зголемени во однос на изминатите години?

Самите граѓаните треба да бидат свесни дека и тие во голем процент придонесуваат за загадувањето. Како што реков, загревањето на домовите, возење со автомобили итн. Направивме истражување заедно со УНДП, анкета за загревањето во Скопје, кое покажа дека и покрај тоа што ние секој ден зборуваме за загревањето во Скопје, само еден процент од луѓето ја одбираат технологијата за греењето на домовите врз основа на еколошките параметри, само еден процент.

Како научен соработник во МАНУ, колку сметате дека владите ги имплементираат мерките што ги предлагаат стручњаците со оглед дека студии се изработуваат со години наназад, а нема ефекти во однос на квалитети на воздухот?

Точно е дека се изработуваат студии, но мислам дека не така многу се третираше прашањето за животна средина во минатото за разлика од сега, каде не само во Македонија, ова прашање на светско ниво се крева на високо ниво, така што учиме од грешките и не треба да се повторуваме, треба итно да интервенираме сега и мислам дека Владата е отворена за соработка во овој дел, студиите и мерките што ги предлагаме во одреден дел се прифатени, како што се субвенција на возила, промена на оданочувањето и итн. Има слух, има желба, треба да се работи и понатаму на тоа и треба побрзо да се имплементираат овие мерки.

Целото интервју со научниот соработник во МАНУ, Александар Дединец, може да го погледнете во видео снимката на почетокот на овој текст.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG