Изјавата на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека партијата се подготвува за следниот претседателски изборен циклус собрала голем број постови и коментари од посетителите на ФБ страницата на РСЕ на македонски јазик. Ако се анализираат коментарите, меѓу нив како да има подоста разочарани членови или симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ. Трајко Трајчевски, на пример смета дека најдобар кандидат ќе им биде Крсто Мукоски кој ја отсликувал реалноста во ДПСМНЕ, вели, „кодоши, предавници, ако послушате најдобро никој, оти ќе ве бања народот со л... Доста глумевте патриоти за државни службички и тендери, вие сте предавници, бришете ги светите букви, не ги срамувајте луѓето што загинаа за нив, спојте се со СДСМ, и онака сте формирани од нив и од ЦИА“. „Нему партијата му се распаѓа, а тој се спремал за претседателски избори? Има ли тој контакт со реалноста, во кој свет живее?“ – напишал Стојчо Киров. А Кире Тасев кратко коментира: „Ќе се види кој е кум, а кој сват“. Буки Буки, пак, постирал: „... За кои немаш луѓе, сите по затвори, а други во Грција“. И Каролина Деан Тодоровски како да се разочарани: „Ти си голем промашај во ВМРО. Ја растури партијата па за избори зборуваш“.
За разлика од овие, по информацијата дека апанажата за бившите функционери ја олесни државната каса за околу половина милион евра и дека претседателот на државата ќе има најмногу привилегии по завршување на мандатот, а Никола Груевски зел околу 16.000 евра откако на негово место дојде Мицкоски – нема ниту еден коментар.
Фановите на нашево Радио се револтирани и од фактот дека Никола Груевски го нема никаде, ниту во Собрание ниту дома и дека сè уште не се пријавил во затворот во Шутка. Даниел Јованов Јованов вели: „Фатете го присилно и однесете го за партал во Шутка“, а Ѓоко Георгиевски констатира: „Кој да го фати кога не го бараат“. Симона Костев постирала: „24 часа го чуваат луѓе платени од даноците што ги плаќаме НИЕ... Ова е невиден безобразлук – МВР да го моли во затвор да влезе! Неговите сценарија ги заборавивте, и тоа за осомничени, не за ОСУДЕНИ лица! ’Викни камери, со лисици, лице в земја... Чекај, ај да повториме за друга телевизија‘“. Емро Балота смета дека „сите знаат каде е лопатарот“, како што напишал, „ама му наместија да избега зашто неколку пратеници од ВМРО, нели, треба да гласаат за уставните измени“. И Вангел Апостолоски е револтиран: „Не смеат, го чува верно обезбедување, си има Ал Капоне гарда – држава во држава – да беше некој што украл чоколадо до сега сто пати полиција и триста чуда ќе го прибереа“.