Достапни линкови

Голем интерес, но ограничен простор во дебарската градинка


Детска градинка „Брешија“ во Дебар.
Детска градинка „Брешија“ во Дебар.

Детската градинка „Брешија“ во Дебар има капацитет за сместување на 180 деца, а изминатите години во градинката имало и над 260 деца.

Објектот на детската градинка „Брешија“ во Дебар, последните години е тесен за да ги прими сите деца за кои родителите доставуваат барања. Во градот расте интересот, особено на младите брачни парови, да ги сместат своите деца во градинката, но во Управата на оваа претшколска институција велат дека објектот е веќе тесен за да се примат сите деца и посочуваат дека е потребен нов објект.

„Капацитетот на оваа детска градинка е 180 деца. Во 2016 и 2017 година овде имавме 265 деца, што е над капацитетот. Токму заради оваа состојба, во која има голем интерес, но и ограничен простор во градинката има потреба од проширување на објектот“, истакнува директорката на детската градинка „Брешија“, Ајрие Дачи.

РСЕ: Како се одвива моментално уписот на децата?

„Можам да Ве информираме дека уписите, односно регистрацијата на децата стартуваше на 10 јуни и интересот е голем. Сега 120 деца завршија миниматура, но да кажам дека до сега се регистрирани над 100 деца. А рокот трае и веруваме дека според најавите бројот на родителите кои бараат нивните деца да бидат во градинката е голем“, вели директорката Дачи.

Таа додава дека условите што ги нуди градинката се одлични, така што тоа е една од причините за зголемување на интересот за родителите нивните деца да се сместат во градинката. Но не е само оваа причина, истакнува Дачи.

„Јас мислам дека има три главни причини за големиот интерес на родителите во градинката да ги сместуваат своите деца: како прво тоа се одличните услови во градинката. Имаме европски стандарди, потоа треба да се каже и зголемената свест на родителите во период од 3 до 6 години кога е раниот детски развој децата да им бидат овде во градинката, а како трето е тоа што цената за престој на едно дете не е сменета над 25 години. Таа е иста и е поволна за родителите“, додава Дачи.

Во оваа институција информираат дека веќе е подготвен проект за изградба на дополнителен објект во дворот на градинкат, со кој ќе се одговори на сите барања на родителите нивните деца да бидат во оваа институција.

XS
SM
MD
LG