Достапни линкови

Дебарската градинка претесна за сите деца


До пред 10 години единствената градинка во Дебар беше полупразна, а сега нема место да ги собере сите деца.

Во последните 10 години е видно зголемен бројот на децата во Дебар, кои секојдневно ја посетуваат градинката. Пред тоа градинката Брешија беше полупразна. Оваа година таа е тесна за да ги прифати сите деца кои родителите сакаат да ги сместат во оваа единствена претшколска установа. Овде велат дека родителите веќе сфатија дека децата треба да се интегрираат во општеството уште од раните години.

Бројот на прифаќање на деца во нашата градинка сега е ограничен. Веќе нема простор за упис на други деца.
Ајрие Дачи, директорка на градинката во Дебар.

„Бројот на прифаќање на деца во нашата градинка сега е ограничен. Веќе нема простор за упис на други деца. Ова е поради фактот што сите родители во Дебар сакаат нивните деца да ги носат во градинка, бидејќи условите и програмата се мошне добри и нудат реализација на проектот ран детски развој. Но, овде се спроведуваат и други проекти во интерес на децата. Тоа се проекти битни за нивниот развој“, вели Ајрие Дачи, директорка на градинката.

РСЕ: Како функционира двојазичната група во оваа градинка каде наставата се реализира на македонски и албански јазик?

Центрите за ран детски развој кои се отворени имаат исто така многу деца. Тоа се деца од 3 до 6 години. И во селата се буди свеста на родителите дека и нивните деца не треба да седат дома сами, туку и тие да се интегрираат и да се дружат.
Ајрие Дачи, директорка на градинката во Дебар.

„Групата Мозаик е многу интересна за родителите и децата, кои не само што овде го учат јазикот на другиот, туку се дружат, ја учат културата од другиот, се запознаваат и сето тоа е мошне добро“, вели Дачи.

Таа додава дека и децата од руралните населби сакааат да ги посетуваат овие институции. Оваа година за прв пат во две поголеми селски населби се отворија два центра за ран детски развој.

„Центрите за ран детски развој кои се отворени имаат исто така многу деца. Тоа се деца од 3 до 6 години. И во селата се буди свеста на родителите дека и нивните деца не треба да седат дома сами, туку и тие да се интегрираат и да се дружат“, вели Дачи.

Управата во детската градинка „Брешија“ во Дебар во договор со надлежните иснтитуции веќе подготвува нов простор. Во тој простор се очекува да бидат прифатени и децата кои моментално се надвор од институцијата, а нивните родители веќе имаат доставено барања тие да ја посетуваат градинката.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG