Во последно време во Општина Дебар има видно намалување на бројот на пожари. Но, сепак, претставниците на локалната противпожарната единица тврдат дека и понатаму има проблеми со непочитувањето на градежните стандарди во сферата на заштитата од пожари.
Во зградите нема систем за централно греење, поради што станарите во подрумските простории имаат внесено големи количини на огревно дрво, но и друг материјал за греење, а кои не се обезбедени соодветно.Џатан Мифтаровски, командир на противпожарната единица во Дебар.
Овие проблеми може да создадат огромни проблеми во предизвикувањето на пожарите, но и нивното гаснење. Минатата година во оваа општина се регистрирани 90 интервенции од страна на противпожарната единица, што преставува 30 отсто помалку во споредба со последните две години, но според одговорните во оваа единица, резултатите може да бидат многу подобри ако во колективните станбени објекти се почитуваат градежните стандарди.
Има несовесни граѓани кои може да се рече дека се типични пиромани.Џатан Мифтаровски, командир на противпожарната единица во Дебар.
„Во Дебар има станбени згради каде што се почитувани законските норми и правила во однос на изградбата околу заштитата од пожари. Но, факт е дека има и градби кадешто тие стандарди не се запазени. Грешките најчесто се во контекст на местата за складирање. Во зградите нема систем за централно греење, поради што станарите во подрумските простории имаат внесено големи количини на огревно дрво, но и друг материјал за греење, а кои не се обезбедени соодветно“, истакнува командирот на противпожарната единица во Дебар, Џатан Мифтаровски.
Во Дебар оваа единица, со цел да ги намали пожарите и штетата од нив, организира бројни превентивни активности. Со нив се оценува дека многу добро се делува во наналувањето на пожарите.
„Има несовесни граѓани кои може да се рече дека се типични пиромани. Ние во месец мај редовно секоја година организираме активности за превенција. Имаме средби со граѓани, со младите односно учениците во деветолетките, средните училишта, но и други категории на населението. Има обуки за делување при почеток на пожари, излегување од објектите во моментот на задимени простории, движење по скали во момент на пожари итн.“, вели Мифтаровски.
Намалувањето на пожарите во оваа општина се поврзува и со подобрата контрола на надлежните на одредени локации каде има редовна појава на пожари на отворен простор. Исто така позитивно во ова насока влијае и добрата кадровска екипираност на единицата и зголемениот број на соодветни возила во возниот парк на единицата.