Достапни линкови

Првата противпожарна служба основана во Битола


Противпожарна единица во Битола
Противпожарна единица во Битола

Противпожарната заштита на Балканот започнала од Битола. Пред 174 години во овој град била основана првата противпожарна служба уште во времето на Румелискиот пашалак. По толку време се поставува прашањето колку е опремена и спремна битолската пожарна да се справи со огнените стихи кои се позачестени преку летните периоди?

Противпожарната заштита на Балканот започнала од Битола. Пред 174 години во овој град била основана првата противпожарна служба уште во времето на Румелискиот пашалак. Единицата без прекини во континуитетот работи до денес, а интересно е и тоа што и по повеќе од половина век ја зачувала истата местоположба од левата страна на реката Драгор. По толку време се поставува прашањето колку е опремена и спремна битолската пожарна да се справи со огнените стихи кои се позачестени преку летните периоди? Според надлежните ситуацијата е добра, а според странските експерти недостига опрема. До пред две години пожарникарите се жалеа дека работните услови им се како во турско. Денес пак командирот вели дека се блиску до европските, објектот им е реновиуран, а подновен им е и возниот парк.
Моментално располагаме со 14 возила, од кои 13 се исправни, а едно на ремонт. Ако се гледат техничките карактеристики и опременоста на возилата, ако одиме на сто проценти, тоа е некаде околу седумдесет проценти се задоволени стандардите кои се применуваат во пожарникарството.


„Моментално располагаме со 14 возила, од кои 13 се исправни, а едно на ремонт. Ако се гледат техничките карактеристики и опременоста на возилата, ако одиме на сто проценти, тоа е некаде околу седумдесет проценти се задоволени стандардите кои се применуваат во пожарникарството. Моментално имаме и 30 вработени, со тенденција за многу брзо време да се подмлади кадарот“, изјави командирот Костадин Поповски.
Илустрација: Шумски пожар

Пред три години, огнената стихија во битолскиот регион проголта околу 3000 хектари борова шума садена пред триесетина години во рамки на работните акции. Со ова градот остана без едно белодробно крило, другото е Пелистер.

Странските експерти сметаат дека со оглед на опкруженоста на Битола со шумски површини слаба им е опременоста за гаснење на пожар во вакви терени. Деновиве пожарниркарите беа обучени како преку каскадна мрежа да обезбедат вода од до највисоките делови во шумите. Обуката ја совладаа, но немаат опрема да ја спроведат во случај на пожар.

„Една француска асоцијација им ги позајми овие цистерни. Тие веќе го разгледаа цел материјал што го поседува пожарната од Битола. Констатираа дека имаат проблеми со пумпите поточно дека пумпите не се адаптирани за гаснење на шумски пожари. За следните години ќе се трудиме да обезбедиме опрема и да ја донесеме тука“, вели Лоран Јурон од француската асоцијација „Работиме заедно“.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG