Денеска во утринските часови избувна голем пожар во манастирот Св. Јован Бигорски во кој до темел изгоре стариот конак во кој беа сместени, галеријата, библиотеката, гостинската соба, тарпезаријата и монашката соба. Со брза интервенција на против пожарните екипи од Дебар бил спречен пожарот кој демнеел да ја зафати и црквата која е спасена, а во која се наоѓа познатиот иконостас. Според првичните проценки, штетата изнесува над 5 милиони евра, но таа е недохнадлива бидејќи изгоре и вредната архива на манастирот, велат преставниците на монашкото братство.
„Нашата цистерна за гасење на пожарот веднаш пристигна и веднаш прејдовме кон локализирање на пожарот, при што со самото локализирање барем ја спасивме црквата. Конаците веќе беа во фаза на големи пламени и целосно беа уништени.“
Вели раководителот на единицата за заштита и спасување во Дебар Рахид Абазовски. Пожарот нанесе голема штета на манастирот кој е белег на општината Маврово Ростуше, но и на цела Македонија, вели градоначалникот на општината Мухрем Мехмеди:
„Огромна штета за нашата општина бидејќи манастирот преставуваше огромно, духовно и природно богатство со кое ние во општината и пошироко многу се гордеевме.“
Манастирот Св. Јован Бигорски го посетија и претседателот Ѓорге Иванов, поглаварот на МПЦ г.г Стефан како и претставници на владата. Тие изразија жалење за штетата, но подвлекоа дека црквата со познатиот иконостас сепак е спасена.
Нашата цистерна за гасење на пожарот веднаш пристигна и веднаш прејдовме кон локализирање на пожарот, при што со самото локализирање барем ја спасивме црквата. Конаците веќе беа во фаза на големи пламени и целосно беа уништени