Достапни линкови

Пожар уништи домови на 50-тина Роми од Куманово


Ромите од Банево Трки
Ромите од Банево Трки
Веќе пловина месец педесетина Роми главно социјални случаи од месноста Бараки, од кумановската населба Банево трло, на кои трошните куќи до темел им беа пеплосани од пожар, живеат во просторија на месна заедница. Тие речиси секојдневно добиваат помош во храна,облека и лекови, но нивната судбина е неизвесна. Куќите до темел им се изгорени,сета покуќнина,облека и се што имале. Локалната самоуправа им го обезбеди временото сместување, но трајно решение никој не знае кога ќе биде најдено. Иако дневно добиваат помош, Ромите велат:

„Студено е тука. На нашите деца им е студено иако се облечени, но... Нашите куќи се во хаос. Се е исчистено од пожарот, ама нема ништо.“

Пожарот предизвикан од силен ветер и старата и дотраена инсталација зафатил и уништил шест трошни куќи стари и по половина век,во кои живееле по осум члени семејства, меѓу кои и деца и стари и болни лица. Од овој неурбанизиран дел во населбата во близина на градот Ромите успеале да го спасат само голиот живот. Сето она што го обезбедувале од социјална парична помош,но и од контејнерите го снемало за миг.

„Ладно е, многу е ладно. Јас имав операција и не можам да седам, се ме боли. Од куќата се ми е уништено, немам ништо, ни кров, ни тепих ,телевизор, се ми изгоре.“

Велат Ромите. Огнените јазици за миг им уништиле се, а локалната самоуправа, градоначалничките кандидати, невладини и други хуманитарни организации им носат помош, меѓутоа никој за сега не може да им обезбеди сместувалиште, ниту пак може да се преземат мерки за реконструкција на нивните куќи сместени во населбата во која нема ниту улици, ниту пак пристап за механизација. Свесни за тоа, Ромите кои немаат можност самите да ги подигаат своите куќи од темел сметаат дека локалната власт треба да им обезбеди социјални станови. Дали тоа ќе се реализира барем во догледно време никој не може да каже, особено што е време на изборите и конституирање на нова локална власт. До тогаш овие луѓе ќе бидат принудени да живеат во просториите на месната заедница.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG