Достапни линкови

Трамп наименува нов член на Врховниот суд


Трамп го наименува Горсач за член на Врховниот суд
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:24 0:00

Трамп го наименува Горсач за член на Врховниот суд

Американскиот претседател Доналд Трамп го наименува Нил Горсач на доживотната функција член на Врховниот суд. Со овој потег се обновува конзервативното мнозинство во Судот и, според оценките, се оцртува неговиот пристап спрема прашањата како абортусот, контролата на оружјето, смртната казна и верските права.

46-годишниот судија од Колорадо се соочува со потенцијално дискутабилна битка за негово одобрување во Сенатот.

Имено, републиканците во минатата година одбија да расправаат за кандидатот на тогашниот претседател Барак Обама за пополнување на испразнетото место откако во минатиот февруари почина конзервативниот член на Врховниот суд Ентонин Скалиа.

Горсач е најмладиот кандидат за член на највиокиот суд во земјата во изминативе над 25 години.

Објавувајќи го изборот на Горсач, претседателот Трамп изјави дека исполнува уште едно негово изборно ветување:

„Пред неколку месеци јас како кандидат јавно презентирав список на брилијантни и остварени луѓе пред американскиот електорат и ветив дека ќе изберам од тој список“, вели тој.

Горсач стана судија на Апелациониот суд во Денвер во 2006 година откако на таа позиција беше предложен од тогашниот претседател Џорџ Буш.

Некои демократи во Сенатот веќе изјавија дека ќе бараат блокирање на кандидатот што ќе го избере Трамп.

За Горсач се смета дека е конзервативен интелектуалец кој ги поддржува верските права и според некои американски аналитичари, тој имал поконзервативни ставови од претходникот, починатиот Скалиа.

Горсач, прифаќајќи ја кандидатурата рече:

„Го почитувам фактот што во нашиот правен поредок Конгресот, а не судовите, ги пишува новите закони“, рече тој.

По соопштувањето на одлуката за нов член на Врховниот суд, стотици демонстранти од групите за граѓански слободи излегоа да го искажат несогласувањето со изборот на Горсач.

Во меѓувреме, во неколку градови во Соединетите Држави продолжуија протестите против наредбата на претседателот Трамп за привремена забрана на влез на граѓани од седум претежно муслимански земји.

Во Колумбија, Охајо дојде и до турканици меѓу демонстрантите и полицијата.

Исто така судиите во најмалку пет американски држави ги блокираа федералните власти да ја извршуваат оваа наредба на Трамп.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG