Достапни линкови

Меј: Британија и САД мора да го водат светот


Меј е за повторно лидерство на Британија и САД во светот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:37 0:00

Меј е за повторно лидерство на Британија и САД во светот

Британската премиерка Тереза Меј е првиот странски државник на разговори со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, откако тој ја презеде функцијата. Според Меј, „специјалните односи“ меѓу двете земји се од голема важност за справувањето со глобалните предизвици, како тероризмот.

Говорејќи на собирот на републиканските пратеници во Филаделфија, Пенсилванија, Меј изјави дека Британија и САД мора да го водат светот како дел од нивните историски специјални односи.

Сепак, како што рече, деновите на почнување скапи војни како оние во Авганистан и Ирак, завршиле.

Меј додаде дека Британија и САД мора да одговорат на заканите од ИД, на подемот на Кина и на повторно заживеаната Русија.

Или, како што рече, „кога другите настапуваат, а ние се повлекуваме, тоа не е добро ни за Америка, ни за Британија, ни за светот“.

„Имаме можност да водиме заедно повторно, бидејќи светот минува низ период на промени. И во одговорот на тие промени ние можеме или да бидеме пасивни посматрачи или ќе је преземе можноста уште еднаш да водиме заедно“, рече таа.

Меј оцени дека Западот би требало да работи со Русија, но да остане претпазлив за намерите на Москва.

Таа алудирајќи на пристапот на екс претседателот Роналд Реган во разговорите со неговиот советски колега Михаил Горбачов, односно „верувај, но проверувај“ рече:

„Мој совет во врска со претседателот Путин е „соработувај, но претпазливо“.

Притоа таа остро ја критикуваше Русија, особено за анктирањето на украинскиот полустров Крим во 2014 година.

илустрација
илустрација

Претседателот Трамп најави дека би сакал поголема соработка со Русија во борбата против тероризмот и во врска со конфликтот во Сирија.

Тој исто така сугерираше дека би можело да ги укине санкциите што администрацијата на неговиот претходник Барак Обама ги воведе против Москва во врска со анексијата на Крим.

Изборната кампања на Трамп беше оптоварена и со обвинувања од американската разузнавачка заедница дека руски хакери се вмешале во неа за да му помогнат да влезе во Белата куќа. Кремљ ги демантираше ваквите наводи.

Трамп предизвика и своевидна загриженост кај членките на НАТО од источна Европа кога оцени дека Алијансата била застарена.

Во нејзиниот говор пак, Меј, ја нагласи британската поддршка за сојузниците во Европа, наведувајќи дека Западот би требало да им гарантира на соседите на Русија дека нивната безбедност не е доведена под прашалник.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG