Достапни линкови

Земјотресите фрлија сè друго во втор план


Земјотресите сè уште се главна тема во разговорите меѓу скопјани. Никого веќе не го интересира политика, се зборува само за начини на заштита од можни нови потреси.

Три дена по првиот потрес во Скопје, исплашеноста кај граѓаните стивнува, но земјотресите и натаму се главна тема со оглед дека земјата и натаму се тресе. Во овој период, последниот земјотрес беше измината ноќ во 1:32 часот и бил со јачина од 3.2 рихтерови степени. Некои граѓани велат дека за среќа земјотресите, освен што внесоа голема вознемиреност, немаа голема разурнувачка моќ. Други сè уште се исплашени, посочувајќи дека по првиот потрес во неделата се случија уште десетици земјотреси и оти сите беа со различна јачина.

„Да е еден. Беше подолго време и повеќе се. И така во паника сум нормално.“

„Јас не се исплашив, треба да се биде внимателен, а не мора да се плашиме. Тоа не значи да не бидеме внимателни.“

„Еве синоќа баш во 1 часот и 30 минути. Знаме дека околу 14 ги имаше досега. Свесен си дека ги има и дека трае 10 секунди, а сепак пак реагираш. Станав, не успеав да се симнам, ме смирија моите дома“, велат анкетираните граѓани.

Земјотрес - Урната куќа во Стара чаршија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00

Во човечката природа нормално е кога ќе се исплашите да избегате и да се одбраните, но кога тоа ќе се пренагласи и кога опасноста ќе добие многу поголеми димензии, тоа е панична реакција која може да нанесе поголема штета, вели социолозите.

„Паничната реакција може да нанесе поголема штета и луѓето да настрадаат отколку да е една нормална реакција. Тоа нè враќа на една ситуција дека колку-толку луѓето треба да се едуцираат за кризни ситуации, особено оние кои водат институција во градинки и училишта треба да придонесат ситуацијата да не добие панични размери и оти тоа може повеќе да придонесе за штети. Во овој случај тоа е она што може да се каже на првично ниво дека скопјаните не се во тој поглед доволно едуцирани иако има институции или не се посветува доволно внимание“, вели професор Илија Ацески.

Овие впечатоци ги потврдуваат и искуствата на дел од институциите. Во некои училишта наставниците им кажале на учениците каде и како да се скријат во случај на земјотрес и на кои излези да се упатат, но во други училишта имаше примери дека наставниците поради земјотресот порано ги пуштиле учениците дома.

Социолозите истакнуваат исто така дека граѓаните долг период се под стрес поради политичката криза. Неизвесноста од политичката ситуација сега е потисната, а луѓето се подготвени на поголема опасност за сопствениот живот и семејство, вели Ацески.

„Ние на некој начин сме во една ментална-политичка контузија. Не разговараме повеќе за политички прашања, туку дали ќе има земјотрес за наредните два три саати или во наредните денови“, вели тој.

Социолозите велат дека и луѓето кои ја водат државата треба да покажат дека и тие се дел од граѓаните и да кажат дека ќе преземат чекори за да им олеснат на луѓето.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG