Достапни линкови

Земјотресот – главна тема за коментари


Падната стока од рафтовите, паника меѓу скопјани
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:30 0:00

Падната стока од рафтовите, паника меѓу скопјани

Вчерашните земјотреси кои ги испаничија скопјани, како и прашањата за квалитетот на градбите, се главна тема во коментарите на нашите читатели.

Граѓаните на Скопје не само што се исплашија од неколкуте земјотреси во неделата, туку и реагираат на Фејсбук страницата на Радио Слободна Европа колку изградените трговски центри, за кои нашата редакција објави и видео-снимки за падната стока од рафтовите, се асеизмички градени.

Па така, Александар Георгиевски го интересира „колку од овие „силни‟ трговски центри, како што пишува, имаат РЕАЛЕН сеизмолошки сертификат или тоа така се издава без контрола и ‛утре‛, не дај боже, да се случи некоја трагедија КОЈ ЌЕ ЈА СНОСИ ОДГОВОРНОСТА?“

Живко Чавдаров напишал: „БОЖЈА КАЗНА за корумпираната и криминализирана власт и нејзините поддржувачи“. Мате Додевски, веројатно налутен, постирал: „Еј, СДС Соросоиду лопужо фашистичка“ и таканатаму.

Во неделното интервју на Радио Слободна Европа, директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, покрај другото кажува дека нема критериуми за избалансирано известување за изборите, а на тоа Драгољуб Ристески во својот пост на Фејсбук додава: „А има избалансирано да ја фалите власта, а да ја кудите опозицијата и да не известувате за криминалот на власта. Ама еден ден порано или подоцна ќе ви се удри од глава“.

Ангел Василевски како да не се согласува со ова мислење, па напишал: „Чунки власта победуваше дека беше многу фалена на вестите, ццц, смешки“.

Вода во „Скопје 2014“, ѓубре во Вардар
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:10 0:00

По нашата информација дека повеќе објекти од „Скопје 2014“ изградени покрај Вардар се поплавени по последните поројни дождови, а и не за прв пат, и дека Вардар е полн со ѓубре, Ивица Антовски, очигледно незадоволен од нашиот текст, постирал: „Па што, сè се санира, само вас ви е криво што се гради, а Скопје заличува на метропола, сега е одлично“.

Ангел Ставров дава интересен предлог: „Нека собираат пластични шишиња“ - вели - „и нека ги носат на отпад за да го полнат буџетот“. Дејан Василев лаконски коментира: „Нашата чудесна земја“.

Два карактеристични коментара има по нашата анализа за македонската економија во изминатите 25 години независност насловена како, „25 години лет во место“. Горан Младеновски во својот пост напишал: „Кога ги лапнаа фабриките без пари, тие што вие ги поддржувате“, а Џелал Кучи сосема со спротивно мислење: „Биќе боље, ама без лопови!“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG