Достапни линкови

Падната стока од рафтовите, паника меѓу скопјани


Падната стока од рафтовите, паника меѓу скопјани
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:30 0:00

Падната стока од рафтовите во супермаркетите, бутнати оџаци и делови од фасади и голема паника предизвика земјотресот што попладнево го зафати Скопје. Десетици муштерии во Веро Чаир во паника го напуштија објектот за време на силниот земјотрес, кој ја бутна стоката од рафтовите. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил со магнитуда од 5 стeпени според Рихтер, а епицентарот бил на 7 километри источно од Скопје. Земјотресот е почувствуван и во Србија и Косово. Новите потреси следат откако утринава во истото епицентрално подрачје беа регистрирани два потреси од страна на Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија со јачина од 3,9, односно од 2,8 степени по Рихтер.

Категории

XS
SM
MD
LG