Новите мерки на земјите на Европската унија во насока на нивните напори за справувањето со бегалската и мигранстска криза, отвораат повеќе прашања што тоа ќе значи за Македонија. Можно ли е Европа да побара нови кампови во земјава во услови кога освен Германија и Австрија, сите други европски држави се затворени за бегалците.
Заради тоа што бегалците коишто движат низ Република Македонија, задржувајќи ги повеќе од онолку коку што тие сакаат, би било нарушување и прекршување на сите конвенции и декларации за човекови права.Анастасија Илиеска,
За идејата за нови компови во Македонија досега воопшто не е разговарано, вели Анастасија Илиеска, државен секретар во Министерството за внатрешни работи и национална контакт точка во ЕУ за мигрантите. Таа додава дека земјава нема таква потреба.
„Заради тоа што бегалците коишто движат низ Република Македонија, задржувајќи ги повеќе од онолку колку што тие сакаат, би било нарушување и прекршување на сите конвенции и декларации за човекови права“, вели Илиеска.
Во моментов на македонско – грчката граница се присутни полицајци од Србија, Хрватска, Словенија и Унгарија, кои заедно со македонските вршат регистрација на бегалците и ја набљудуваат границата. Следниот месец се очекува да се приклучат полицајци од Чешка и од Словачка.
Илиеска вели дека Австрија и Германија навреме ги споделуваат сите одлуки со транзитните земји од западно – балканската рута и дека Македонија пропушта само бегалци кои имаат документи за влез во земјите кои се нивна крајна дестинација, најчесто Австрија и Германија. На прашањето што доколку Европа побара од Македонија нови кампови, Илиеска вели дека на со потпишувањето на изјавата на 25 октомври каде беше присутен и претседателот Ѓорге Иванов, Македонија отворено и реално кажала дека има капацитет за сместување на 2000 лица на повеќе часови.
„Нема потреба од градење на нови дополнителни капацитети за сместување на бегалците, поради тоа што земјата е транзитна за бегалците и Македонија не им е крајна дестинација“, вели Илиеска.
Кастриот Реџепи од невладината организација „НУН Култура“ е присутен на терен на граничниот премин Табановце и во Гевгелија. Тој вели дека доколку Австрија и Германија прекинат да прифаќаат бегалци, Македонија ќе треба да се справи со одреден број на бегалци коишто ќе се најдат на нејзината територија или пак со број кои ќе се обидувааат да влезат илегално, како што се случува и сега.
„Засега, освен работите во транзитните центри во Табановце и во Гевгелија кои се во правец на подготовка за зимскиот период, не се гледа некоја друга активност во правец на тоа да се припреми кампот за прифаќање и за подолг престој на бегалците. Значи сегашните капацитети се многу мали за тие што транзитираат и што би требало, поради здравствени причини или некои други проблеми, да престојуваат малку подолго. Но, за престој за подолг период престој во овие центри не гледаме некои подготовки“, вели Реџепи.
Тој вели дека Македонија досега добивала помош од Европа за бегалците и доколку биде побарано сместување за одреден број, земјата повторно ќе добие асистенција.