Достапни линкови

Давос - Неопходен нов пристап кон бегалската криза


Давос: неопходен нов пристап кон бегалската криза
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:03 0:00

Давос: неопходен нов пристап кон бегалската криза

Меѓународната заедница треба да биде иновативна во одговорот на сегашната бегалска криза, бидејќи традиционалните методи веќе не се соодветни за решавање на проблемот. Ова е наведено за време на дебатите на Светскиот економски форум што се одржува во швајцарскиот град Давос.

Над милион луѓе, бегајќи од војни, сиромаштија и репресија на Блискиот Исток и Африка дојдоа во Европа само во минатата година. Но, долго време пред Европа да се соочи со најголемата бегалска криза од Втората светска војна, земјите како Либан, Турција и Јордан тешко се справуваат со милионите бегалци од сирискиот конфликт.

„Кризата не завршува кога жртвата ќе ја мине границата. Напротив. Сепак, повеќето од одговорите во врска со бегалците се многу краткорочни и речиси целосно зависни од хуманитарната помош. И колку подолго проблемот продолжува, толку се намалува неговиот приоритет“, изјави јорданската кралица Ранија.

Таа наведе дека во нејзината земја има милион и триста илјади сириски бегалци, или 20 насто од населението во Јордан. Кралицата Ранија побара меѓународна финансиска помош со цел да се изградат специјални економски зони каде што би биле вработени бегалците.

Денес имаме шверцери меѓу Македонија и Србија бидејќи веќе не примаме Мароканци и Алжирци. За 700 до 1200 евра тие со помош на локалните шверцери стигнуваат до Хрватска. Ни требаат посеопфатни решенија.
Александар Вучиќ, премиер на Србија.

На таков начин тие би биле најблиску до своите домови во кои би се вратиле по решавањето на кризата во нивната земја, оцени таа.

Претседателот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст Питер Маурер најави менување на пристапот кон бегалската криза со тоа што ќе бидат повикани инвеститори со цел да помогнат во создавањето на такви прифатни центри каде што тие би можеле да работат.

Според него, сликите од изгладнети жители на опколениот сириски град Мадаја се само еден мал дел од страдањата што ги тера луѓето да бегаат.

„Има многу такви на кои им е неопходен нов пристап во доставувањето помош“, рече тој.

​На Форумот во Давос стана збор и за тоа како би можело најдобро да се интегрираат бегалците кои се во Европа. Германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел изјави дека земјите кои имаат мигранти треба да бидат пореални во врска со предизвиците со кои се соочуваат.

„Земавме бегалци и можеби не видовме веднаш што тие носат во нашата земја. Не треба да се залажуваме и да се преправаме дека проблемите не постојат. Само 10 до 15 насто од нив имаат некакви квалификации. Поголемиот дел се неписмени, а повеќето одбиваат и да учат“, изјави тој.

Генералниот директот на Меѓународната организација за миграции Вилијам Лејси Свинг смета дека клучно за решавање на проблемот е нивно успешно интегрирање.

Српскиот премиер Александар Вучиќ пак изјави дека проблемот со интеграцијата лежи во Европската унија.

Според него, заштитата на европските граници нема да биде успешна и затоа е неопходна поголема ангажираност во разместувањето на мигрантите.

„Денес имаме шверцери меѓу Македонија и Србија бидејќи веќе не примаме Мароканци и Алжирци. За 700 до 1200 евра тие со помош на локалните шверцери стигнуваат до Хрватска. Ни требаат посеопфатни решенија“, рече Вучиќ.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG