Достапни линкови

Денови на македонска фотографија по 51 пат


Фотографијата Портрети од циркусот на Иво Етеровиќ од изложбата „Бисери на српската фотографија“.
Фотографијата Портрети од циркусот на Иво Етеровиќ од изложбата „Бисери на српската фотографија“.

Со претставување на изборот од најквалитетни дела од изминатиот едногодишен период, во вторник, од 21 часот, во Националната галерија на Македонија – Мултимедијален центар Мала станица во Скопје, свечено ќе бидат отворени 51 Денови на македонска фотографија, манифестацијата што во рамките на Скопско лето ја организира Фото сојузот на Македонија. На ова значајно културно случување, покрај работилниците, перформансите и презентациите, во галерија Остен, ќе се одржи и изложбата насловена како „Бисери на српската фотографија“.

Околу 200 тематски различни фотографии од педесетина творци ќе бидат изложени на постановката во Националната галерија на Македонија – Мултимедијален центар Мала станица со која ќе започнат 51-те Денови на македонска фотографија. Манифестацијата е замислена како пресек на целокупното фотографско творештво во клубовите и на самостојните автори кои членуваат во нив и таа, како што велат од Фото сојузот на Македонија, секогаш претставува убав преглед за интересот, за мотивите и за нивото на годишната фотографска продукција во земјава.
Оваа година продукцијата е нешто послаба од ланската, но квалитетот на пристигнатите фотографии е одличен и задоволството е навистина големо бидејќи се работи главно за млади автори. Интересно е и тоа што забележавме дека во последниве неколку години доминираат автори-жени кои сè повеќе и повеќе стануваат, не само рамноправни, туку и доминантни во рамките на творештвото на Фото сојузот на Македонија.
Александар Кондев, Фото сојуз на Македонија.

„Оваа година продукцијата е нешто послаба од ланската, но квалитетот на пристигнатите фотографии е одличен и задоволството е навистина големо бидејќи се работи главно за млади автори. Интересно е и тоа што забележавме дека во последниве неколку години доминираат автори-жени кои сè повеќе и повеќе стануваат, не само рамноправни, туку и доминантни во рамките на творештвото на Фото сојузот на Македонија“, истакнува искусниот Александар Кондев.
Фотографија Два света на Видоје Мојсиловиќ.
Фотографија Два света на Видоје Мојсиловиќ.

Исто така за нас е важно влијанието на белградските и српските автори врз македонската фотографија во тоа време, а во секој случај претставува еден целосен поглед на естетиката, на творештвото, на нивото на фотографијата која во тоа време владееше во Југославија. Српската фотографија беше еден од позначајните сегменти од тогашната југословенска фотографија.
Александар Кондев, Фото сојуз на Македонија.
На оваа постановка, како посебна автономна целина ќе може да се погледне и изборот на фотографии од младите автори и авторки до 21-годишна возраст, а во рамките на случувањето се предвидени и работилници, перформанси и презентации. В среда, во галеријата Остен, како интегрален дел на целото случување, ќе биде отворена изложбата „Бисери на српската фотографија“. Се работи за пресек на фотографското творештво во соседна Србија за периодот од 1945 до 1990 година, односно од т.н „златен период“ на тогашната југословенска фотографија , „период кога фотографијата на овие простори не беше ретроградна, туку , слободно може да се каже авангардна и динамична дури и во светски рамки“.

Кондев забележува дека оваа изложба за нас е посебно интересна бидејќи Фото сојузот на Македонија имал блиска соработка не само со Фото сојузот на Србија, туку и со останатите во рамките на југословенската федерација, па затоа, како што вели, покрај драгоцената размена на искуства има и поклопување во членството по клубовите.

Како пример за ова тој го споменува Живко Јаневски, доајенот на македонската фотографија, кој долго време, не само што живеел и работел во Белград, туку и оставил силен авторски белег и на тамошната сцена.

„Исто така за нас е важно влијанието на белградските и српските автори врз македонската фотографија во тоа време, а во секој случај претставува еден целосен поглед на естетиката, на творештвото, на нивото на фотографијата која во тоа време владееше во Југославија. Српската фотографија беше еден од позначајните сегменти од тогашната југословенска фотографија“, вели Кондев.

Инаку, познати се и наградените учесници на 51-те Денови на македонска фотографија. Првата награда за поединечна фотографија за „Небесен калеидоскоп“ ја освои Трајче Атанасовски од Фото клубот „Елема“, за серијата фотографии „Мојот град“ во категоријата колекции победник е Драган Неделчевски од Фото-кино клубот „Чкрап“ од Тетово, наградата „Благоја Дрнков“ за „Убавиците од Мариово“ оди кај самостојниот автор Наце Попов, а за „Детски поглед“ првонаграден од младинската селекција е Стефан Соколовски од кумановскиот „Ф-7 “. Меѓу добитниците на награди и признанија се и Фросина Илиевска, Катја Штркова, Филип Филиповиќ, Дејан Колевски и други.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG