Достапни линкови

Улици 2013 - Една од најдобрите изложби на уметничка фотографија


Меѓународна изложба на уметничка фотографија „Улици 2013“ во Куманово. Фотографија на Х.В. Чан.
Меѓународна изложба на уметничка фотографија „Улици 2013“ во Куманово. Фотографија на Х.В. Чан.

Од 18 до 25 април, во Изложбениот салон на Националната установа „Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе се одржи втората Меѓународна изложба на уметничка фотографија „Улици 2013“. Организатор на ова културно случување е Фото кино клубот „Козјак“, а постановката се вбројува во петте најдобри во светот за оваа година.

731 фотографија од исто толку автори од 70 земји во светот ќе бидат претставени на втората Меѓународна изложба на уметничка фотографија со натпреварувачки карактер што од четврток и во наредните недела дена ќе се одржи во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Организатор на оваа постановка насловена „Улици 2013“ е Фото кино клубот „Козјак“ и по обемот таа не само што се вбројува во петте најдобри во светот за оваа година, туку од градот прави да биде вистински центар на уметничката фотографија на Балканот.
Меѓународна изложба на уметничка фотографија „Улици 2013“ во Куманово. Фотографија на Х.В. Чан.
Меѓународна изложба на уметничка фотографија „Улици 2013“ во Куманово. Фотографија на Х.В. Чан.

„Пополека клубот му гради реноме на градот Куманово и воопшто на Република Македонија на лидер во уметничката фотографија, на центар на светската уметничка фотографија. Годинава имаме 731 автор од целиот свет, немаме учесници само од Антартик и од Артик“, вели Владимир Јовановски, претседател на Фото кино клуб „Куманово“.
Пополека клубот му гради реноме на градот Куманово и воопшто на Република Македонија на лидер во уметничката фотографија, на центар на светската уметничка фотографија. Годинава имаме 731 автор од целиот свет, немаме учесници само од Антартик и од Артик.
Владимир Јовановски, претседател на Фото кино клуб „Куманово“.

Тој дополнува дека на конкурсот пристигнале 7402 фотографии и дека се работело на три теми – слободна, улица и природа. Од сите тие фотографии трочленото жири во кое биле Манолис Метзакис од Грција, претседател на Меѓународното здружение на уметничка фотографија УПИ, Серкан Турац од Турција – првиот човек на најголемиот фото кино клуб во Истанбул и доајенот на македонската уметничка фотографија Душко Јовановски, во двата дена прегледување на делата, успеале да ја заокружат поставката од над 700 фотографии и да доделат 67 награди на учесниците на изложбата. За најдобар автор е прогласен Х.В. Чан од Хонг Конг, а зад целото случување со своето реноме застанаа ФИАП како најстаро здружение за уметничка фотографија со седиште во Луксембург и многу други светски познати асоцијации како ИААП, ПСА,ИСФ, ФСМ и други.
На оваа изложба имаше толку јака конкуренција што македонските автори не успеаја да го достигнат рангот на светските уметници.
Владимир Јовановски, претседател на Фото кино клуб „Куманово“.

За жал, на оваа изложба на која е претставено креативното и уметничко творење низ играта со светлината, односно изразување на уметничката мисла преку фотографијата, нема наградени автори од Република Македонија.
Меѓународна изложба на уметничка фотографија „Улици 2013“ во Куманово. Фотографија на Х.В. Чан.
Меѓународна изложба на уметничка фотографија „Улици 2013“ во Куманово. Фотографија на Х.В. Чан.

„На оваа изложба имаше толку јака конкуренција што македонските автори не успеаја да го достигнат рангот на светските уметници“, забележува Јовановски.

Формиран 1948 како една од секциите на тогашната Народна техника, Фото кино клубот „Козјак“ од Куманово цели 65 години успешно го гради својот имиџ на вистински расадник на талентирани фотографи и филмски уметници кои му се познати на светот со своите вонредни дела. Во тој период организирани се и бројни меѓународни изложби на кои неговите членови биле добитници на значајни награди и признанија, а пошироката јавност со неговото делување е запозната преку изложбите како „Фото салон Куманово“ кој зад себе има 28 изданија, потоа „Жените фотографираат“ и други. Од таму не чуди кога Владимир Јовановски, добитник на златен медал за делото „Фотограф“ што му го додели Американската фото асоцијација на Втората меѓународна изложба на уметничка фотографија „Фото фокус 2012“, говорејќи за актуелната изложба знае да каже дека нивните планови се од „Улици“ да направат светски уметнички бренд.

„Нашите амбиции се изложбата „Улици“ да ја продолжиме и од неа да направиме светски познат уметнички бренд на кој се надеваме наредната година да ни гостуваат двојно повеќе автори од целиот свет“, вели Јовановски.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG