Фокус - „Што ако Парламентот го „реши“ името?
„Што ако Парламентот го „реши“ името?“ - е насловен текстот во Фокус кој се обидува да предвиди некои идни случувања во земјава на надворешнополитички и внатрешно-партиски план. Опозицијата не оди на локални, не оди ниту на делумни парламентарни. На нејзино место доаѓаат независни кандидати, ем луѓе на тазе формирани партии кои заедно со Албанците и „предавниците“ во сопствените редови го решаваат името во Парламентот - предвидува Фокус. Нормално, продолжува неделникот, спротивно на волјата на Груевски, кој повторно „не е од овде“, ама повторно „мора“ да ја почитува пратеничката волја!? Невозможно? - прашува неделникот и го дава одговорот: Звучи така, но и амнестијата на Хашките случаи не беше возможна на прво слушање!
Капитал - Груевски и Црвенковски ќе мора да заиграат заедно во спорот за името!
„Груевски и Црвенковски ќе мора да заиграат заедно во спорот за името!“ - предвидува (а можеби и посакува) неделникот Капитал во текстот во кој всушност ги пренесува ставовите на високи дипломатски извори од Брисел, но и на домашни експерти за ова прашање. Истите овие ценеле дека она што нè очекувало е еден бурен политички период на силни партиски препукувања, на интензивен притисок од меѓународната заедница, но пред сè, и најважно, на сериозен тест за македонските политичари. Никола Груевски и Бранко Црвенковски се пред натпревар, тврди неделникот, што овој пат ќе мора да го изиграат заедно. Во истиот тим... колку и да се обидуваат да ја фрлат тежината врз плеќите на другиот. Она што е тажно во приказната е дека капацитетот на двајцата за еден таков политички договор се „билда“ однадвор и дека во моментот, македонското национално единство се помага и се крепи со странска поддршка.
Глобус - Колку се надежни преговорите за името во Њујорк?
И во онлајн магазинот Глобус се третира темата за името. „Колку се надежни преговорите за името во Њујорк?“ - се обидува да одговори на ова прашање неделникот, па во почетокот на текстот пишува: „Можеби и заради внатрешни потреби, македонската страна е позадоволна од преговорите кои започнаа кон крајот на минатата и почетокот на оваа година, со посредство на Нимиц. Грците јавија дека позициите се непроменети? Ултрадесницата кај јужниот сосед смета дека Грција се готви на капитулација. Кому да му се верува?“ - прашува Глобус, анализирајќи ги реакциите на политичките актери во двете земји.
Република - Да работиме за мир, за да немаме мир
Република во уводникот насловува: „Да работиме за мир, за да немаме мир“ и ги анализира последните јавни потези на албанските лидери во регионот, навестувајќи не баш пријатен развој на настаните: Македонија мора да се подготвува за новите тензии во регионот од кои, сакала или не, ќе мора да биде дел, тврди Република. Српскиот премиер, Дачиќ, во Скопје јавно изјави дека Србија нема аспирации кон Македонија, а албанските колеги Бериша и Тачи сè уште немаат храброст пред своите граѓани да кажат дека албанското прашање, барем во Македонија, е затворено. И, задолжително, Црвенковски не може, а да не спомне: сликата што ја создавале владите во Тирана и во Приштина ја нарушувале Ахмети и Мендух Тачи со своето конструктивно однесување, а Црвенковски правел „кармакаша“ во македонската политика не согледувајќи дека тоа го правел во исклучително опасен момент и за земјата и за регионот, зловесна е Република.
Опозицијата не оди на локални, не оди ниту на делумни парламентарни. На нејзино место доаѓаат независни кандидати, ем луѓе на тазе формирани партии кои заедно со Албанците и „предавниците“ во сопствените редови го решаваат името во Парламентот.Фокус.
„Што ако Парламентот го „реши“ името?“ - е насловен текстот во Фокус кој се обидува да предвиди некои идни случувања во земјава на надворешнополитички и внатрешно-партиски план. Опозицијата не оди на локални, не оди ниту на делумни парламентарни. На нејзино место доаѓаат независни кандидати, ем луѓе на тазе формирани партии кои заедно со Албанците и „предавниците“ во сопствените редови го решаваат името во Парламентот - предвидува Фокус. Нормално, продолжува неделникот, спротивно на волјата на Груевски, кој повторно „не е од овде“, ама повторно „мора“ да ја почитува пратеничката волја!? Невозможно? - прашува неделникот и го дава одговорот: Звучи така, но и амнестијата на Хашките случаи не беше возможна на прво слушање!
Можеби и заради внатрешни потреби, македонската страна е позадоволна од преговорите кои започнаа кон крајот на минатата и почетокот на оваа година, со посредство на Нимиц. Грците јавија дека позициите се непроменети? Ултрадесницата кај јужниот сосед смета дека Грција се готви на капитулација. Кому да му се верува?Глобус.