Достапни линкови

Политичката криза ги урива напорите на Нимиц


Медијаторот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, македонскиот преговарач во спорот Зоран Јолевски и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис, 20 ноември 2012.
Медијаторот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, македонскиот преговарач во спорот Зоран Јолевски и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис, 20 ноември 2012.

Аналитичарите сметаат дека Македонија е близу до првата фаза за решавање на спорот за името со Грција, но, според нив, сериозен удар на процесот му задава моментална политичка криза во земјава.

Најновите средби на медијаторот Метју Нимиц со преговарачите Зоран Јолевски и Адемантиос Василакис се продолжен напор за решавање на спорот со името, но проблем во тој процес е политичката криза во Македонија, сметаат упатените.
Многу е тешко да се очекува било каков напредок сериозен напредок, во услови на политичка криза каква што владее во Македонија.
Денко Малески, универзитетски професор.

Универзитетскиот професор Денко Малески вели дека средбата претставува продолжение на напорите на Нимиц по посетите на Атина и Скопје.

„Продолжение на тој напор да се анимира процесот на преговори и да се види дали двете страни можат нешто да постигнат во светлината на заклучоците на ЕУ, која нели како услов за давање датум наведе и некаков сериозен напредок во преговорите.“
Посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц на прес-конференција во Скопје.
Посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц на прес-конференција во Скопје.

Се поставува прашањето дали може да се очекува напредок во овој процес? Малевски одговара:

Ова е една од средбите, оти според сите индикаци ние сме многу блиску до почетната фаза за наоѓање решение за името, оти е веројатно дека ќе има повеќе фази и тоа ќе ни помогне практично да добиеме позитивен извештај и евентуално да добиеме датум за преговори.
Мерсел Биљали, универзитетски професор.
„Многу е тешко да се очекува било каков напредок, сериозен напредок, во услови на политичка криза каква што владее во Македонија и се додека тој проблем на задоволителен начин не биде решен, тој домашен проблем, внатрешен проблем, мислам дека овој сериозен надворешно-политички проблем ќе мора да причека.“

Македонија е близу до првата фаза за решавање на билатералниот спор со соседна Грција, смета професор Мерсел Биљали.

„Ова е една од средбите, оти според сите индикации ние сме многу блиску до почетната фаза за наоѓање решение за името, оти е веројатно дека ќе има повеќе фази и тоа ќе ни помогне практично да добиеме позитивен извештај и евентуално да добиеме датум за преговори.“

Единствената пречка за овој процес е политичката криза во Македонија, смета Биљали.

„Двајцата лидери треба да изнајдат некое решение за тоа што тоа многу му наштети на процесот сега. Државите или пак политичките структури знаат и да војуваат, но сепак изнаоѓаат некаво решние.“

По средбите во Атина, Нимиц се сретна со претставници на македонскиот државен врв. Тој позитивно одговори на прашањето дали после 20 години гледа шанса за конечно решение на спорот за името. Нимиц во Скопје не откри кои предлози ги претставил, зашто, според него, тоа не би помогнало на процесот.
XS
SM
MD
LG